Невестите од Албанија донесоа радост и деца во Источна Македонија

Сопствено семејство и дом исполнет со среќа и радост, ова било единственото нешто што Ангела Стоева од Албанија го посакувала од животот. Желбата и се исполнила, а животниот пат ја донел во подогражденското село Штука. Тука го нашла нејзиниот животен сопатник Аргир. Ги запознала нејзина братучетка. Ангела се решила да дојде и не зажалила.
,Кој знае да живее има живот, кој не знае нема да има живот. Му благодарам на Бога имам две деца, имам многу добар сопруг. Многу добро се согласуваме, не си љубомориме, многу убаво си живееме заедно. Ова не го кажувам така, навистина многу убаво си живееме. Имам и свекор и свекрва и со нив се согласувам многу убаво. Многу убаво ме прифатија и другите во селото, кога имаме работа си ја гледаме работата, а кога има време се дружиме, си одиме на кафе, на слави, многу убаво си живееме”, вели Ангела.
Ангела е овде веќе четири години и одлично го зборува македонскиот јазик. Вели воопшто не и било тешко да го научи за што потврдува и нејзиниот сопруг.”Многу брзо научи се. На почетокот беше малку тешко, ама научи многу брзо, дали имаше и месец до два”, вели Аргир Стоев, сопруг на Ангела.
Слична е приказната и на брачниот пар Лилјана и Ѓорги Белчеви. И тие се запознале преку посредници и воопшто не зажалиле. Заедно се веќе три години и одлично се разбираат. Пред година и четири месеци ја добиле и најголема среќа, им се родил синот Александар, а во блиска иднина се надеваат дека ќе го прошират семејството и со девојче.”Како ми кажаа така излезе. Многу ми е убаво. Кога дојдов и кога не разбирав ништо ми беше тешко, сега е друго, многу е убаво”, вели Лилјана Стоева.
“Сите имаа желба да се оженам. Ако не се запознаевме можеше и така да залутам. Сега ми е многу убаво, нема што повеќе да барам. Вели Ѓорги Белчев, сопруг на Лилјана.Ангела и Лилјана не се единствените невести од Албанија во овој регион. Покрај нив двете само во селата Штука и Иловица има уште дваесетина невести кои семејната среќа ја пронашле токму тука.
 Тука го нашла нејзиниот животен сопатник Аргир. Ги запознала нејзина братучетка. Ангела се решила да дојде и не зажалила.
,Кој знае да живе

Пронајдете не на следниве мрежи: