Концептот Ford Transit Skyliner е приватен авион на тркала

• Концепт базиран на комплетно новиот Ford Transit, изложувајќи ги способноста и флексибилноста на возилото
• Луксузно прилагоден минибус дизајниран со Ford Motor Company и направен од Galpin Auto Sports обезбедува извонреден комфор и луксуз
• Четири динамични нивоа на искуство – театрален, бизнис, приемен и патувачки – ја трансформираат Skyliner-овата околина и вадат најмногу од Ford Transit-овите 487 метри кубни внатрешен простор.Иднината на копнениот ултра-премиум превоз е тука и доаѓа со просторен ентериер кој се претвора во извонредно забавно искуство или бизнис состанок, само со команда на смартфон.
Ford денеска го откриваат концептот Transit Skyliner на луксузно комбе, илустрирајќи неограничена флексибилност, подвижност и способност на новиот Transit, кој излегува во продажба ова лето.
Transit Skyliner го отелотворува духот на луксузните автобуси и се базира на традицијата на сопствената изработка на комбиња, демонстрирајќи како Ford Transit може да биде трансформиран и да одговара на потребите од лимузински и високо класни превозни услуги, како и за комерцијални флоти, за трансфер-превозници и сопственици на мали бизниси.
Во внатрешноста, Transit Skyliner може да се трансформира во четири драматични нивоа на амбиенти – театрален, бизнис, приемен и патувачки – со подвижни, индивидуално- дизајнирани „Трон” седишта, кои се репозиционираат автоматски, контролирани со смартфон или таблет.
Театрален: Седиштата гледаат во 52-инчен вовлечен Stewart филмски екран и се местат за оптимално филмско гледање.
Бизнис: Се отвора подвижна маса и кожните седишта се собираат околу неа за разговор лице в лице.
Приемен: Лизгачките врати се отвораат четири метри широко и седиштата се редат за полесно да се забавувате ако сте паркирани на некој настан.
Патувачки: За ултимативен комфор и изолираност, патниците може да ги наместат своите седишта на наслон и потпирачите за нозе кои се вовлекуваат.

Целосниот внатрешен ентериер – од седишта до LED амбиентално осветлување, се интегрирани во автоматски систем Crestron контролиран преку смартфон или таблет. Системот за забава исто така вклучува Focal Utopia 7.2 сараунд систем со звучници, кои се рачно изработени во Франција специјално за Transit Skyliner, KVH DIRECTV, за HD ТВ и калеидоскопски медиасервер со простор за меморирање, еквивалентен на повеќе од 300 Blu-ray филмови или повеќе од 1,000 DVD-ја.
Пијалоците можат да се служат од Transit Skyliner-овиот бар. Сопствените багажни додатоци се во тон и одговараат на уникатните кожни седишта на возилата.
„Патувањето во Transit Skyliner е неспоредливо искуство”, вели Тим Штоер, менаџер на комерцијалниот маркетинг за товарни возила на FORD. “Кога ќе стапнете во возилото, вие веднаш сте обземени од импресивниот индивидуално прилагоден дизајн и високо технолошката аудио-визуелна средина. И додека да се свестите, веќе сте пристигнале на вашата дестинација.”
Надворешноста на Transit Skyliner вклучува прилагодена сребрена металик боја, која шематски се акцентира на контрастната долна решетка, хромираните предни светла и прилагодените тркала Forgiato. Динамичниот дизајн го рефлектира Transit-овиот модерен европски изглед.
„Transit Skyliner е прилагоден врвен израз на Transit”.
Штоер вели: “Ние создадовме возило кое го нагласува високиот потенцијал на Фордовата Транзит платформа за пазарот на луксузни возила и го претставува Transit како следна генерација на модерни комбиња со ефикасност во согорувањето.” Transit Skyliner го вклучува 3.5-литарскиот EcoBoost® мотор достапен кај Ford Transit.
Со 487 метри кубни товарен волумен и висина на ентериерот од 207 сантиметри, овој модел со висок кров и долго меѓуоскино растојание со продолжена шасија, Transit се прилагодува во приватен авион на патот. Неговиот уникатно прилагоден лимузински дизајн докажува дека способностите на Ford Transit ги надминуваат потребите за превоз, комерцијални флоти и генерални превозници.
Новиот Transit ќе нуди две меѓуоскини растојанија, три различни висини на покривот и три агрегати кои ќе ги задоволат бројните потреби без измени на школката.
Надворешниот дизајн на Transit Skyliner потекнува од европското студио за дизајн на Ford базирано во Дантон, Англија, чија изведба беше водена од страна на Мелвин Бетанкорт, менаџер за дизајн во Ford, како и Бо Бокман, претседателот на Galpin Auto Sports.
Galpin Ford е најголемото застапништво на Ford во светот, кое во последните 60 години се бави со модифицирање на возила. Ford им пријде на Galpin за овој групен проект поради тоа што Galpin беше меѓу пионерите во трендот на пренамена на комбиња во 60- тите и 70-тите, како и меѓу првите кои го започнаа овој сегмент. Galpin се уште е лидер во сегментот на пренаменети комбиња.
„Искрено, возбудени сме што работиме со Ford во креирање на иднината на луксузното патување,” изјави Бекман од Galpin Auto Sports. Имајќи ја предвид нашата историја од шеесетите и седумдесетите години во креирањето комбиња кои се пренаменуваат, како и нашите неодамнешни високо технички проекти, заедно со Ford му дадовме живост на комбето ултра-премиум.
„Galpin е посебно возбуден поради лансирањето на Transit, кој се потпира на Фордовото лидерство кај комерцијалните возила со нов дизајн, правејќи го одлична платформа со можност за модифицирање,” додаде Бекман Transit Skyliner ќе дебитира на Меѓународниот автосаем во Њујорк на 15-ти април во Конвенцискиот центар Jacob K. Javits.
Иднината на копнениот ултра-премиум превоз е тука и доаѓа со просторен ентериер кој се претвора во извонредно забавно искуство или бизнис состанок,

Пронајдете не на следниве мрежи: