Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи

Уставот и законите на Република Македонија гарантираат слобода на вероисповеста и Владата генерално ги почитува верските права и слободи, пишува во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен вчера.Извешајот се осврнува на почитувањето на верските слободи во светот и беше претставен од страна на државниот секретар Џон Кери.
Во извештајот е наведено дека дел од помалите верски заедници имаат забелешки упатени кон Македонската православна црква и Исламската верска заедница. За МПЦ, забелешката е дека е привилегирана во поглед на враќањето на имотот одземен во времето на комунизмот и добивањето средства за изградба на верски објекти.
За ИВЗ, забелешката е дека добила државна помош за да ги одобрува апликациите за визите потребни за одење на аџилак во Саудиска Арабија, за кои наплаќала по 400 евра.
Во извештајот е забележано дека Јован Вранишковски, основачот на Православната охридска архиепископија, црква непризната во Македонија, но призната од страна на Српската православна црква, во август годинава заедно со неколкумина следбеници бил осуден поради перење пари. Во февруари, пак, Врховниот суд ја потврди пресудата за Вранишковски за проневера.

Во извештајот за Србија, пак, е забележано дека државата одбива да ги признае Македонската и Црногорската православна црква. Извештајот на Стејт департментот цитира информација од извор од српското Министерство за религии, кој вели дека не сакаат да ги признаат македонската и црногорската црква затоа што „ќе се вмешале во внатрешна шизма“ на српската црква.
Во извештајот на Стејт департментот е забележан и спорот на Бектешката заедница на Македонија против Исламската верска заедница, околу Арабати Баба Теќе во Тетово. Во извештајот се оценува дека тоа што Бектешката заедница се уште нема признат статус во Македонија ја оневозможува во водењето на спорот за Теќето во Тетово.
При претставувањето на глобалниот извештај за верските слободи, државниот секретар на САД Џон Кери истакна дека 75 проценти од населението во светот живеат во држави кои не го почитуваат правото на слободна вероисповед. Кери ги посочи Кина, Иран, Бурма, Северна Кореја и Туркменистан како земји во кои се забрануваат верските слободи.
Кери посочи и на нападите на муслиманската вооружена група ИДИЛ врз христијанската заедница во ирачкиот град Мосул, бруталното насилство на нигериската муслиманска група Боко Харам врз христијаните во оваа земја, и убиствата на 500 шиити и 80 христијани во Пакистан.Извешајот се осврнува на почитувањето на верските слободи во светот и беше претставен од страна на државниот секретар Џон Кери.
Во извештај

Пронајдете не на следниве мрежи: