Телекомуникацискиот оператор и Нет.Бит.Датацентар промовираа нова бизнис- понуда за веб-хостинг и виртуелен приватен сервер, која драстично ги намалува компаниските трошоциОд денес, телекомуникацискиот оператор „Близу“ и Нет.Бит.Датацентар склучија договор за соработка и ја пласираа новата бизнис-понуда на македонскиот пазар. Станува збор за услугите веб- хостинг и виртуелен приватен сервер, наменети за сите компании независно од нивната големина и дејност. Благодарение на оваа соработка, отсега корисниците нема да имаат потреба од какви било инвестиции во сопствена ИТ-опрема, ниту пак трошоци за одржување, истовремено одржувајќи ги безбедноста и достапноста на услугите на највисоко ниво. Со ова соработка, на компаниите им се нуди единствена можност за подобрување на својот бизнис, зголемување на конкурентноста и намалување на компаниските трошоци.
„Зголемувањето на конкурентоста во одделот на бизнис-корисниците и интеграцијата на сите бизнис-услуги во еден систем е од исклучителна важност за Близу. Со оваа соработка го означуваме почетокот на процес од кој користа директно ќе ја почувствуваат македонските компании“, изјави Кирил Трендафилов, извршен директор на „Близу“.
„Нет.Бит.Датацентар испорачува услуги за деловни клиенти уште од 2008 година, главно за банки, финансиски друштва и поголеми компании. Сега со овој договор очекуваме преку широката и квалитетна мрежа на Близу нашите услуги да станат достапни за уште поголем број деловни клиенти. Користењето на пакетите за датацентар-услуги ќе им овозможи на фирмите да станат поконкурентни и прилагодливи кон современите технологии на подостапен и поедноставен начин“ – изјави Георги Милев, извршен директор на Нет.Бит.
Услугите виртуелен приватен сервер и веб хостинг-услугите ќе бидат достапни преку продажната мрежа на „Близу“, во различни пакети, во зависност од потребите на компаниите.
„Близу“ е водечки телекомуникациски оператор кој е дел од Групацијата Австрија телеком. „Близу“ со технологијата „Fiber Power“, изградена врз основа на национален оптички прстен со капацитет од 3,2 Tbps, овозможува најповолни услови зa бизнис-услуги, како и брзини до 2 Gbps до своите крајни бизнис-корисници.
Нет.Бит.Датацентар работи од 2008 година и го користат банки, финансиски институции и други поголеми организации како примарен ИТ-центар, резервна локација за критични операции, резервно зачувување податоци, колокација на опрема итн. Од денес, телекомуникацискиот оператор „Близу“ и Нет.Бит.Датацентар склучија договор за соработка и ја пласираа новата бизнис-пон