На децата во Неготино им блеснаа очињата кога денес претпладне за прв пат ги видоа сосема новите креветчиња и столчиња за нивната градинка. Опремата за установата ја донираше ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата. Во средата следеше официјалното врачување на преку 300 креветчиња со душеци и столчиња во вредност од 1.200.000 денари од страна на Менаџментот на фабриката на ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата во Кавадарци, господата Лукас Мирингер и Георги Тренкоски.Како поздрав за добредојде две дечиња од градинката облечени во традиционална народна носија ги пречекаа гостите со домашна погача и сол – стар обичај за добредојде во Македонија. „Се радуваме што сите вие дојдовте во нашата градинка по толку убав повод“, ги поздрави посетителите Раководителот на детската градинка, госпоѓа Весна Нацева. „Срдечно се заблагодаруваме на ДРЕКСЛМАЈЕР за велокодушната донација, на која децата многу се радуваат.“
Исто така, присутен беше и градоначалникот на Неготино, господин Ванчо Апостолов. Тој го пофали ангажманот на ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата во регионот. „Компанијата е најголемиот работодавец во земјата. Донацијата за детската градинка покажува, дека ДРЕКСЛМАЈЕР исто така интензивно презема социјална одговорност за регионот.“
Безгрижно учење и играње
Менаџментот на фабриката на ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата во Кавадарци, господата Георги Тренкоски и Лукас Мирингер, како татковци во свои семејствa ја поддржуваат градинката во Неготино. „Децата се нашата иднинина – тие се скапоцени членови на општеството. За развојот на децата важно е што постојат места како овие детски градинки, каде што тие слободно можат да си играат, да учат и да стекнуваат искуство. Затоа се радуваме што притоа ние можеме да помогнеме“, вели господинот Мирингер. „Мојата ќерка штотуку наполни две години и наскоро ќе почне да посетува градинка. Се надевам, дека тогаш и таа ќе може да оди во ваква прекрасна установа“, изјави господинот Тренкоски. Обајцата нагласија, дека ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата се ангажира за долгорочен успешен развој на регионот, како на пример со поддршка на социјалните и образовните установи, како детските градинки.
Како благодарност за донацијата децата од градинката пред гостите изведоа неколку точки со танцување. На крајот остана малку време за разгледување на установата и разговори со вработените и родителите.
Во Неготино живеат околу 1.000 вработени на Дрекслмајер Групацијата во Македонија. Една соработничка, чиешто дете ја посетува детската градинка „Фемо Кулаков“, се радува за донацијата. „Како мајка многу ми олесна, што моето дете тука е одлично згрижено. Донацијата во мебел од Дрексламјер обезбеди одлична опрема за детската градинка. Моето дете тука се чувствува многу удобно.“
ДРЕКСЛМАЈЕР Групацијата важи за сигурен „партнер на регионот“ и затоа промовира образовни и социјални проекти. Како компанија со општествена одговорност таа го поддржува регионот, каде што има свои капацитети, преку целисходно избрани проекти. Со програмот се поддржуваат проекти со најголема можна општествена корист.Како поздрав за добредојде две дечиња од градинката облечени во традиционална народна носија ги пречекаа гостите со домашна погача и сол – ст