Стартува BuzzBase: Прв сервис за дистрибуција на содржина на социјалните медиуми

На македонскиот пазар премиерно започна со работа нов сервис за промоција на дигитални содржини, којшто им овозможува на активните корисници на социјалните медиуми да генерираат лична заработка, преку споделување на брендирана содржина и креирање на дискусија на своите профили. BuzzBase е првата светска платформа за дистрибуција на содржина која во фокус го става споделувањето на вирална содржина на социјалните медиуми.„Во светот со години постојат сервиси за дистрибуција на содржина, но ова е првиот кој им дава шанса на оние кои се влијателни на Facebook и Twitter да го валоризираат тоа. Нашата стратегија започнува од Македонија, пазар кој најдобро го знаеме, но плановите се далеку поголеми. BuzzBase веќе доби позитивен прием на неколку светски конференции и натпревари за стартапи“ – изјави Дарко Булдиоски, еден од креаторите на сервисот.
BuzzBase на брендовите им овозможува досег до голема публика на многу ефективен и брз начин, притоа на своите корисници (базери) им дава комплетна контрола над објавите и на тој начин ја задржува оригиналноста на изразот кај секој автор.
Светските истражувања потврдуваат дека препораките од пријатели и роднини се најмоќната маркетинг алатка. Глобалните пракси велат дека 81% од потрошувачите се под влијание на објавите на своите пријатели на социјалните медиуми, а 43% од потрошувачите би купиле производ кога за него би дознале преку социјалните медиуми. Buzzbase е креиран да одговори на овие промени во дигиталната економија. Сервисот е од корист и за корисниците и за самите огласувачи.
Платформата ги интегрира кликовите на споделениот линк до спонзорираната содржина и бројот на интеракции на социјалните медиуми во единствен параметар кој е одраз на креираниот разговор околу истата.
„Сега за сега следиме кликови, лајкови, коментари, споделувања, ретвити, фејворитс… а сервисот овозможува и таргетирање по демографски карактеристики, интерес, влијание и популарност и секако перформанси во претходни кампањи“ појаснува Катерина Стојановска, лидер на техничкиот тим кој стои зад сервисот.
BuzzBase.mk е креиран како партнерски проект од страна на две искусни агенции за дигитален маркетинг. Наградуваната агенција Њу Медиа Маркетинг и единствената Facebook Preferred Marketing developer компанија на Балканот, ИМ.мк.„Во светот со години постојат сервиси за дистрибуција на содржина, но ова е првиот кој им дава шанса на оние кои се влијателни на Facebook и

Пронајдете не на следниве мрежи: