Откако се отвори Concept 37 поминаа 365 дена.Во овие 365 дена во Concept 37 беа направени преку 60 изложби и преку 30 промоции на книги, накит, индустриски дизајн, мебел, како и повеќе иницијативи за општествена одговорност.
Имаше и џез, а имаше и фанк, хип-хоп, рок и хаус. Гости им беа познати уметници, дизајнери, музичари, фотографи и непознати гости кои ги запознававме цела година. Имаше и театарска претстава, имаше и кино. Терасата можеби беше мала, но имаше место за сите.
Во оваа година Concept 37 се обиде да создаде нешто, што ќе биде несекојдневно, а нивните гости секојдневно им помагаа во тоа. Затоа ве покануваат сите да дојдете и заедно да го прославите неговиот прв роденден.
На 3ти јули, четврток од 17 часот, на концептуалната плажа заедно со бендот Хабанита. Апостолки не се задолжителни, но се пожелни кога седите на песок. 🙂
А, на 4ти јули, петок од 20 часот, организираат роденденска изложба на .gif-ови (GIFEST) и изложба на полароид фотографии од сите гости кои ставиле своја фотка на хаштагот #Concept37!
Потсетете се, проверете го мобилниот и ако имате фотографија на хаштаг #Concept37, дојдете и најдете ја во Concept 37.Во овие 365 дена во Concept 37 беа направени преку 60 изложби и преку 30 промоции на книги, накит, индустриски дизајн, мебел, како и повеќе иниција