Овој вторник, 1-ви јули, „Галерија 8“ слави 3 убави години со вас во чаршија

Koга ќе ѕирнеме назад, статистиката вели дека во изминативе три години, овде биле поставени изложби на над 100 автори, имало куп фантастични свирки, насмеани ликови, ептен квалитетна дружба и енергија и луѓе кои уживаат од првата до последната секунда на нашето омилено парче калдрма.Баш поради тоа што ВИЕ луѓе ја правите секоја уживанција во Галерија 8, затоа и изложбата „PEOPLE“ со потпис на реномираниот фотограф Роберт Атанасовски.Посебно горди сме што роденденската изложба ќе биде на Роко – лик кој може да се пофали со искуство како дописник во France Press, фоторепортер и уредник на фотографија во Дневник, Нова, Македонија, Време, сега во mkd.mk. Еден куп награди за фотографија, факти кои велат дека неговите фотографии се споделуваат нa светски медиуми од калибарот на Washington Post, LA Times, Чикаго Трибјун.Со она што го раскажува фотографскиот објектив на Роко ќе уживаме цела вечер, а друштво ќе ни прави и светски популарниот академски сликар од Босна, Адим Хебиб.Тој оваа година заокоружува 35 години ликовна работа. Неговите дела ги има насекаде низ светот. На пример во Ватикан, Греманскиот президиум, Истанбул, Сарајево, БретенЗагреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, но и во домовите на низа познати јавни личности и државници од целиот свет.Дојдете да уживате со делата на фантастично инспиративниот и ултра креативен Роберт Атанасовски, нашиот Special Guest Star ко што се вели, академскиот сликар Адим Хебиб, и со сите оние кои на Галерија 8, за третиот роденден ќе сакаат да подарат по една насмевка.Баш поради тоа што ВИЕ луѓе ја правите секоја уживанција во Галерија 8, затоа и изложбата „PEOPLE“ со потпис на реномираниот фотограф Р

Пронајдете не на следниве мрежи: