Се гради најголемиот остров на љубовта досега – се очекуваат повеќе од 500 кампериНајголемиот музички фестивал кој ги обединува младите од целиот Балкан, ова лето ќе се одржи повторно во Врњачка бања, централна Србија. Покрај фантастичната музичка програма која е воедно и најквалитетна од сите досегашни изданија, новина е и промената на локацијата на одржување на фестивалот. Сместен во најубавиот дел на градот, покрај Врњачкото езеро, LoveFest ќе биде вистинска љубовна приказна која ќе ја слави музиката, но и пријателството и солидарноста како едни од постулатите на самиот фестивал. Фестивалот кој низ изминатите 7 години беше домаќин на имиња како Kevin Saunderson, Carl Craig, Butch, Good Groove, Gramophonedzie, Darkwood Dub, годинава со уште поатрактивна музичка понуда за фановите.
Од хаус и техно, преку хип-хоп, се до познати регионални рок звуци, петте сцени кои ќе бидат поставени ќе понудат музички избор за сечиј вкус. Сепак, она што со гордост го најавуваме е главната сцена и настапот на легендите на техно сцената, директно од Детроит пристигнуваат Jeff Mills, Kenny Larkin и Robert Hood. Овие тројца предводници на светскиот техно звук ќе се појават на главната сцепа, што претставува вистински раритет да се појават сите тројца на едно место. Jeff Mills, кој низ музичките кругови е попознат и како „The Wizard” заради неговата исклучителна техника и Robert Hood се воедно основачи на Axis label-от, вистински епитом за техно звук. На нив им се приклучува и Kenny Larkin, со што го комплетира одличното трио кое ќе ја креира атмосферата на главната сцена.
Воедно, свое појавување пред балканската публика ќе има и светски познатата прогресивна хаус атракција Eric Prydz. Она што е навистина значајно да се напомене дека Eric Prydz се појавува само на најзначајните европските фестивалски збиднувања, па неговиот настап на LoveFest ќе биде уникатна можност да се ужива во негов сет. Во Врњачка бања пристигнува холандската дип хаус ѕвезда Tom Trago, техно дуото Тiefschwarz, како и познатиот британски диџеј и продуцент Mark Knight. Фестивалот ќе го затвори James Zabiela, со вториот негов настап на LoveFest 2014.
Energy сцената е резервирана за претставниците на диско звукот Adana Twins, Finnebassen и Doctor Dru, надополнети со Tama Sumo, Boris Werner и Levon Vincent, сопственик на ремонираната издавачка куќа Novel Sound.
Како доказ на фактот дека LoveFest 2014 е наменет за сите музички вкусови, говори и фактот дека едни од главните изведувачи на фестивалот се Партибрејкерс, Канду Коџа и Небојша, Рамбо Амадеус, С.А.Р.С, Бед копи, хрватската рок атракција Лет 3, Никола Врањковиќ, Ритам Нереда како и популарното црногорско дуо Who See. Ова се само дел од изведувачите наменети за љубителите на „поцврстиот” звук.
Посетителите на фестивалот ќе можат да уживаат и во сетовите на младите диџеи од регионот како и да се забавуваат на уникатната Сајлент сцена. Конечно, предвидена е и зона со амбиентални звукови во добропознатата Chill зона.
Како на Лавфест? За 999 денари! За секои три карти, уште еден билет гратис!
Хајнекен Лавфест 2014 е замислен како тродневно уживање со уникатни музички настапи, но и многу останати интересни содржини. Картата за сите три фестивалски денови изнесува 999 денари. За првите 30 купувачи е обезбеден бесплатен кампинг. Цената на кампинг просторот е 600 денари (10 Еur.), со дополнителна цена од 600 денари (10 Eur.) за изнајмување на шатор. Она што е посебно провокативно за сите друштва кои ќе дојдат на фестивалот е можноста, за три купени билети да се добие еден гратис. Со тоа се овозможува што повеќе љубители на квалитетната музика, но и на добрата фестивалска забава да дојдат во Врњачка бања и да уживаат во „најљубовниот” фестивал на Балканот, Heiniken Love Fest 2014.
Картите можат да се купат од продажната мрежа на МКТикетс како и сите продажни салони на ОНЕ.
Повеќе информации на официјалната фан страна за Македонија: https://www.facebook.com/LoveFestMK
Најголемиот музички фестивал кој ги обединува младите од целиот Балкан, ова лето ќе се одржи повторно во Врњачка бања, централна Србија. Покрај фан