Интегрирана маркетинг кампања за неверојатно интерактивно искуствоОна што добриот производ може да го направи уште подобар е рекламата. Токму тоа е тајната на Прилепска Пиварница, која знае колку е важно да се има добро осмислена маркетиншка комуникација. Фокусирана на својот носечки бренд Златен Даб, Прилепска Пиварница деновиве со задоволство ја лансираше најновата маркетинг кампања за ова премиум пиво.
Зад маркетинг комуникацијата на Прилепска Пиварница стои агенцијата Футура 2/2, која веќе неколку години наназад посветено работи на комплетното позиционирање, брендирање и пласирање на брендот Златен Даб. Она што започна со редизајн на пакување и нов корпоративен визуелен изглед, продолжува со стратешки осмислена комуникациска платформа – “Овој Даб е за тебе”, која оваа година доживува вистинска кулминација.
Ваквиот иновативен и интерактивен пристап е не само знак на благодарност на Даб за своите фанови, туку и потврда за важноста на корисниците за успехот на брендот. Инспирирана од претстојното Светско фудбалско првенство, кампањата е директно поврзана со веб страницата www.mostwanted.mk, каде што секој гледач може да создаде свој филм и да се почувствува како вистинска ѕвезда. Со ваков третман на фановите како вистинските ѕвезди на брендот, пораката на кампањата “Овој Даб е за тебе” во преден план го става токму корисникот, на кој му се приредува искуство што долго ќе го памети. За Златен Даб, фановите на фудбалот и конзументите на пиво се вистинските ѕвезди и херои кои заслужуваат светска популарност, и затоа овој Даб е за сите нив!
ТВ рекламата фасцинира со својот визуелен изглед и неверојатна режија, што се должи на соработката со познати продукциски куќи, чиј посветен пристап придонесува за ваквиот висококвалитетен изглед на приказната и возбудливата динамика на нарација. Ако сè уште не сте ја погледнале, брзо на www.mostwanted.mk и откријте зошто сите зборуваат за новата реклама на Даб!
Овој Даб е за тебе! Она што добриот производ може да го направи уште подобар е рекламата. Токму тоа е тајната на Прилепска Пиварница, која знае колку е важно да се има