Со MobiPay мобилниот телефон станува виртуелен паричник
Услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци
Корисниците на Т-Моbile од денес ќе можат да го користат мобилниот телефон како паричник и преку нивната постпејд сметка. Со MobiPay може безготовински да се плаќа во такси, ресторани, кафулиња, продавници и во голем број на други продажни места во Македонија а мрежата континуирано се проширува.
Услугата е достапна преку сите модели на мобилни телефони, без дополнителни трошоци, а користи и врвна заштитна технологија за сигурно и безбедно купување.
„MobiPay е модерен и едноставен, брз и сигурен начин на плаќање, од денес достапен и преку постпејд сметката на нашите корисници. Мобилниот телефон веќе не служи само за разговор, туку станува мултифункционална алатка, сé во едно, што го прави животот поедноставен, а во крајна линија тоа е и целта на модерните технологии. Со MobiPay мобилниот телефон добива уште една улога, станува виртуелен паричник, достапен за сите наши корисници, преку сите модели на мобилни телефони. Со Mobi Pay корисниците добиваат вредност повеќе, можност повеќе без никаков надомест“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.
Сумата за направената трансакција се додава на телефонската сметка, а месечниот лимит се одредува во зависност од кредитниот рејтинг на корисникот. Во зависност од потребите корисниците можат да изберат MobiPay Easy до 300 денари по трансакција или MobiPay Standard до 1000 денари по трансакција.
Отсега корисниците ќе можат да користат мобилно плаќање преку постпејд сметката до 6.000 денари без да одат во банка.
Мрежата на локации каде може да се плати со MobiPay континуирано се шири низ цела Македонија.
Сите детали за услугата, условите за нејзино користење, листата на продажни места, како и сите новини може да се најдат на: www.mobipay.mk и на https://my.t-mobile.mk.