Во среда, на 11 јуни 2014, редовниот Годишен концерт ќе го одржи едно од најуспешните балетски студија во Македонија – “Венус“ од Кавадарци.Традиционално со резултатите од едногодишната напорна работа, со специјално подготвени кореографии за оваа прилика, ќе се претстават сите возрасни групи на студиото.
Под раководство на балетскиот педагог Билјана Грозданова Ивановска и во годината која измина членовите на студиото учествуваа на сите масовни манифестации во општина Кавадарци, на фестивали и карневали во Македонија и странство, за да работата ја крунисаат со две први и две втори места на ИТФ фестивалот во Скопје. Нема сомнение дека и годинава Годишниот концерт на Балетското студио “Венус“ ќе биде своевиден балетски спектакл, со бројни оригинални кореографии и неизбежни изненадувања за публиката.
Концертот на “Венус“ во среда ќе започне во 20 часот, а ќе се одржи во салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.Традиционално со резултатите од едногодишната напорна работа, со специјално подготвени кореографии за оваа прилика, ќе се претстават сите возрасни