Дали знаете колку мултимилионери има во Македонија?

Според “Хурун” вкупното богатство на сите милијардери на планетата е 5,5 трилиони долари, што е речиси колку вредноста на бруто домашниот производ на Јапонија, третата по големина економија во светот.Азија е континент со најмногу милијардери, а потоа Северна Америка и Европа, според објавеното истражување на кинеското списание “Хурун рипорт”.
Од вкупно 1453 лица со состојба над 1 милијарда долари во јануари 608 се од Азија, 440 се од Северна Америка и 324 се од Европа.САД продолжуваат да водат на листата по бројот на милијардери – 408, следени од Кина со 317 милијардери.
На трето место е Русија, на четвртото – Германија, а на петтото – Индија, прецизира весникот. Најбогатиот човек во светот е мексиканецот Карлос Слим, кој има 73 години и има 66 милијарди долари, според “Хурун”.
На второ место се наоѓа американскиот инвеститор Ворен Бафет со 58 милијарди долари, а на трето – Шпанецот Амансио Ортега, творец на брендот Сара (Zara), со 55 милијарди долари.
Минатата година е забележан скок на богатството во приватниот сектор, според списанието, кое наведува дека нето средства на 10-те најбогати луѓе на светот се зголемиле во 2012 година за 22 проценти, што е вкупно 250 милијарди долари на ден.
Додека во Македонија вкупно 36 македонски граѓани се мултимилионери и заедно тежат 4 милијарди долари. Посебно, сите имаат богатство од над 30 милиони американски долари.
Според анализата на „Велт- икс“ лани македонскиот клуб на богатите се зголемил за само еден, а земјава е на 42-ро место од 45 европски држави по екстремно богати граѓани.
Во регионот, Србија има 100 богаташи, а Хрватска 280. Бројот на милионерите расте на светско ниво, а дури и во Грција, каде што среде економска криза се појавиле уште 50 богаташи. Т.КАзија е континент со најмногу милијардери, а потоа Северна Америка и Европа, според објавеното истражување на кинеското списание “Хурун рипор

Пронајдете не на следниве мрежи: