Скопје, 5 јуни 2014. – Почнувајќи од денес, сите нови и постојни припејд корисници можат да уживаат ова лето во бесплатен Facebook на својот мобилен телефон во секое време.Во рамки на бесплатната употреба на Facebook, припејд корисниците можат да постираат, коментираат, закачуваат фотографии, да споделуваат содржини, да додаваат пријатели. На овој начин, припејд корисниците ќе можат да бидат постојано на Facebook, затоа што сега тој е бесплатен, каде и да се наоѓаат корисниците во Македонија. Дополнително, кога и да посакаат повеќе интернет, припејд корисниците со оваа понуда добиваат и неверојатна цена од 0,1 ден./MB за секој друг интернет-сообраќај остварен надвор од Facebook, како и преку линкови поставени на Facebook кои преземаат содржини од други веб-адреси.
Опцијата бесплатен Facebook е автоматски достапна на сите нови Vip Припејд корисници. Постојните корисници коишто имаат направено надополнување на припејд сметката во последните 24 часа, може да ја активираат бесплатно преку SMS со содржина START FB на 1450. Валидноста на оваа опција е 30 дена, по што треба повторно да се активира. Опцијата е достапна за активирање во ограничен промотивен период.
– Следејќи ги потребите на корисниците за достапност на Facebook во текот на летото насекаде каде што се движат, ја создадовме оваа понуда која ќе им овозможи безгрижно лето и постојана поврзаност со сите случувања на Facebook на нашите припејд корисници. Ова е единствена понуда што Вип ја подготви за своите припејд корисници, кои покрај бесплатниот Facebook, добиваат и извонредна цена за интернет сообраќај. Се разбира, во Вип нудиме секогаш повеќе, па активацијата на услугата е бесплатна, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.
Подетални информации во однос на новата припејд понуда корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или на www.vip.mk .
Допонителни информации:
Опцијата бесплатен Facebook ги опфаќа Facebook и Messenger апликациите за паметни телефони со оперативните системи iOS, Android, iPad и Every Phone (Java Application) или пак пристап до Facebook преку интернет пребарувач до мобилниот вебсајт на Facebook. Исто така, корисниците бесплатно можат да сурфаат на Facebook, да прегледуваат “home page”, да одат на различни профили, да праќаат пораки, да симнуваат или поставуваат слики, да коментират, да лајкуват или пак да гледаат видеа што се постирани директно на Facebook.
Симнувањето и инсталирањето на Facebook апликацијата ќе биде наплатено согласно промотивната понуда од 0,1 ден/МБ. Во опцијата бесплатен Facebook се вклучени само директните опции кои Facebook ги нуди наведени погоре, па оттаму, индиректните содржини како отворање на друг линк кој е постиран на facebook, каде содржината се превзема од друга веб адреса; употреба на гео-локациските услуги како “check in”, проверување на мапи или на “near by” места или постирање на локација, испаќање на порака со додавање на локација; други апликации кои се индиректно поврзани со Facebook како Instagram, Camera App, Pages Manager App итн; Facebook Blackberry апликација, ќе бидат наплатени согласно промотивната цена од 0,1МКД/МБ.
Исто така, она што припејд корисниците треба да го имаат предвид е дека при вклучен мобилен интернет, доколку е активирано автоматското ажурирање на сервисите, може да дојде до позадинско ажурирање на податоците од инсталираните апликации кое корисникот не го прави активно, но се одвива независно, со што може да постои наплата од 0,1 ден/МБ за интернет сообраќај
Во рамки на бесплатната употреба на Facebook, припејд корисниците можат да постираат, коментираат, закачуваат фотографии, да споделуваат содр