Меѓународен добротворен базар 2014

По повод 1 јуни Меѓународниот ден за заштита на детето, „Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center – DMWC) заедно со странските амбасади во Македонија и македонската бизис заедница, четврта година по ред го организираат традиционалниот Меѓународен добротворен базар.Базарот оваа година ќе се одржи на 7 јуни (сабота), во Градскиот трговски центар –ГТЦ приземје (во средишниот дел, на платото пред Бенетон) од 11-16 часот и за прв пат е поддржан од Град Скопје.
„Добредојде“ – Маседониа Велкам Центар како дел од својата мисија и визија, активно работи на полето на хуманоста и се обидува да ја подигне јавната свест за децата и за ранливите групи во општеството. Базарот е единствениот настан во Македонија со кој се одбележува 1 јуни Меѓународниот ден за заштита на детето. Уникатноста на настанот се состои во тоа што во добротворната мисија се вклучуваат невладиниот сектор, бизнис-заедницата, амбасадите и конзуларните преставништва кај нас, а за прв пат и Градот Скопје.
Средствата од Меѓународниот добротворен базар 2014 ќе бидат наменети за Посебното основно училиште „Златан Сремац“. Минатата година средствата беа донирани во Центарот за даунов синдром, а Базарот од 2012 година беше посветен на Посебното основно училиште „Иднина“.
Почесен претседател на годинашниот базар е амбасадорот на Р. Србија во Македонија Н. Е г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ, која заедно со градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски  ќе го прогласат настанот за отворен.Базарот оваа година ќе се одржи на 7 јуни (сабота), во Градскиот трговски центар –ГТЦ приземје (во средишниот дел, на пла

Пронајдете не на следниве мрежи: