Министерството ќе им плаќа по 15 денари од километар на сите кои ќе одат со велосипед на работа

Во Франција почна експеримент со кој ќе им се плаќа на луѓето кои на работа ќе одат со велосипеди, и со тоа француските власти стануваат дел од напорите и на други европски влади кои сакаат со таков потег да се подобри здравјето на населението и да се заштити загадувањето на околината.Неколку држави меѓу кои Данска, Холандија, Германија, Велика Британија и Белгија веќе имаат такви шеми за луѓето кои одат на работа со велосипед – даночни намалувања, плаќања за изминат километар и финансиска поддршка за купување велосипед.
Во Франција околу 20 компании во кои работат околу 10.000 луѓе се договорија да плаќаат по 25 центи (15 денари) за изминати километар со велосипед на луѓе кои ќе го користат тоа превозно средство за да дојдат на работа, соопшти Министерството за транспорт.
Министерството се надева дека со тој потег ќе се зголеми користењето на велосипед за околу 50 отсто. Во моментот на работа со велосипед одат околу 2,4 отсто вработениНеколку држави меѓу кои Данска, Холандија, Германија, Велика Британија и Белгија веќе имаат такви шеми за луѓето кои одат на работа

Пронајдете не на следниве мрежи: