2 Јуни 2014, Скопје – Со цел создавање и градење на односи помеѓу градовите и граѓаните од САД и Југоисточна Европа, во периодот од 5-ти до 7-ми јуни 2014 година, во Скопје ќе се одржи првата „Балканска конференција на збратимени градови“ на која ќе земат учество градоначалници и други истакнати личности од САД, Македонија како и регионот. Идејниот творец на оваа конференција е Ричард Њухејзел, претеседателот на Темпи (Аризона) организацијата на збратимени градови, чија мотивација е да се поттикне изградбата на нови односи во регионот по примерот на збратимување на Скопје и Темпи, што датира од далечната 1971 година.Градоначалниците и останатите учесници на конференцијата ќе имаат можност суштински да се запознаат со концептот на збратимени градови, пред сè со тоа како да се воспостави соработка, кои се придобивките од збратимувањето на градовите особено во делот на економскиот развој на Балканот и размената на стручни луѓе од универзитетите како и други професионалци. Меѓу останатите, своето присуство на „Балканската конференција на збратимени градови“ го потврдија Ричард Њухејзел, претеседателот на Темпи организацијата на збратимени градови; Мери Кејн, извршен директор на Меѓународната организација на збратимени градови; д-р Даглас Џексон, претседател и извршен директор на Глобалниот проект C.U.R.E; а свое обраќање ќе имаат и Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов; амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс; амбасадор на Република Македонија во САД, д-р Зоран Јолевски; градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, како и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.
„Приказната за збратимувањето на Скопје и Темпи во 1971 година е уникатна во светски рамки и со нетрпение чекам да ја раскажам на претстојната Балканска конференција на збратимени градови. Со нетрпение очекувам да се вратам дома во Скопје, да се видам со старите пријатели и да создадам нови, да го пренесам искуството од ваквите соработки и релации кои траат цел живот. Збратимувањето на Скопје и Темпи е вистински доказ за тоа“, изјави Ричард Њухејзел, претеседателот на Темпи организацијата на збратимени градови.
Дел од конференцијата ќе бидат четворица од првите студенти од Темпи кои дошле во Македонија на првата размена во 1972 година, кои повторно ќе се сретнат со своите македонски семејства, а ќе ги пренесат и своите искуства.
За Темпи организацијата на збратимени градови – Tempe Sister Cities Corporation
Темпи организацијата на збратимени градови ја охрабрува меѓукултурната соработка и соработката со градење на пријателства меѓу луѓето и партнерства меѓу заедниците. Градот Темпи има осум збратимените градови во светот, а бројот продолжува да расте. Размена на средношколци, размена на едукатори и програми за размена на професионалци, се дел од програмите на организацијата кои се многу ценети на светско ниво, преку кои се промовира меѓународната добра волја и културно разбирање. За повеќе информации, посетете ја веб страницата на организацијата https://www.tempesistercities.org/
За Меѓународната организација на збратимени градови – Sister Cities International
Основана од страна на претседателот на САД Двајт Ајзенхауер во 1956 година, Меѓународната организација на збратимени градови е непрофитна и непартиска и служи како национална организација за членство на индивидуалните збратимените градови, окрузи ширум САД. Оваа мрежа обединува десетици илјади граѓани, дипломати и волонтери во програмите низ 140 земји, на шест континенти. Повеќе информации на https://www.sister-cities.org/Градоначалниците и останатите учесници на конференцијата ќе имаат можност суштински да се запознаат со концептот на збратимени градови, пред с&egra