Карванот на книгата ја започнува својата турнеја низ Македонија

И оваа година, Карванот на книгата доаѓа онаму каде што се нашите читатели. Осма година по ред, локалните библиотеки и домови на културата ќе бидат домаќини на најдобрите домашни и светски наслови. ТРИ ветува добро дружење и книги по навистина жешки цени со попуст до 60%.Со цел да им ја приближиме книгата на сите читатели, независно од тоа каде се наоѓаат, оваа годината Карванот на книгата врви низ следните градови:
02 – 07 јуни     Гевгелија – Библиотека „Гоце Делчев“
09 – 14 јуни     Прилеп – Библиотека „Борка Талески“
16 – 21 јуни     Струмица – Библиотека „Благој Јанков – Мучето“
23 – 27 јуни     Штип – кафе „Милд“
30 – 05 јули     Куманово – Дом на култура „Трајко Прокопиев“
07 – 12 јули     Битола – Библиотека „Св. Климент Охридски“
Секоја сабота ќе бидат организирани средби и дружење со нашите најпродавани автори на ― Марија Јаневска и Коста Петров, како и можност по никогаш подостапна цена да ги купат хит насловите Спас од Исидора Бјелица, Чест од Елиф Шафак, Патување од 100 чекори од Ричард С. Мојрес, Огледи за љубовта од Ботон, Мисли и збогати се од Наполеон Хил, како и книгите од нашата најнова едиција Здравје – Вистини и лаги за храната од Анита Шупе, Тајните на луѓето кои никогаш не се разболуваат од Џин Стоун и  Краток водич за здрав живот од Дејвид Б. Агус.
Седумте досегашни изданија на Карванот на книгата се покажаа како успешни и се надеваме дека и оваа година, не само што ќе ја приближиме добрата книга до нашите читатели ширум Македонија, туку и дека ќе им овозможиме да уживаат во лето со добра книга, по навистина достапни цени!Со цел да им ја приближиме книгата на сите читатели, независно од тоа каде се наоѓаат, оваа годината Карванот на книгата врви низ следните градови:

Пронајдете не на следниве мрежи: