Град Скопје, викендов, по четврти пат го организираше Фестивалот на органска храна и здрав начин на живот. Оваа година Фестивалот се одржа во Хипериум бизнис центарот (МИ ДА Моторс), а како и до сега, имаше за цел да промовира органска здрава храна и здрави навики на живеење.На фестивалот се претставија македонските произиводители на органска и здрава храна, ставајќи акцент на унапредувањето на здравјето на сите живи организми, на сегашните и идните генерации.
Освен дегустација на органска и здрава храна, во склоп на Фестивалот беа организирани работилници за јога за деца и возрасни, работилници со наши познати нутриционисти околу здравиот начин на исхрана и воспоставување баланс помеѓу телото и умот, се со цел граѓаните и посетителите на градот Скопје да се запознаат со сите предности кои ги носи користењето на органската и здравата храна. Сите посетители, годинава повторно имаа можност да се забавуваат и со богатата музичка програма на Фестивалот.На фестивалот се претставија македонските произиводители на органска и здрава храна, ставајќи акцент на унапредувањето на здравјето на сите жи