Република Македонија по трет пат е домаќин на летната школа „Институт за подготовка на глобални лидери“, на која ќе земат учество 80 млади лидери од 40 земји од целиот свет. Еминентни предавачи од областа на политичка комуникација и лидерство, дипломатија, бизнис администрација и граѓански активизам од земјава и странство ќе ги обучуваат идните генерации за ефикасно и етичко глобално лидерство.„Среќни сме што трета година по ред ја организираме меѓународната PGL летна школа токму во Македонија. Како изминатите две години, така и оваа година имаме учесници од целиот свет кои сакаат да добијат знаење и стекнат вештини кои ќе ги применат по враќањето во своите земји. Институтот ги следи своите алумни кои веќе бележат успеси на глобално ниво, а нивниот лидерски потенцијал е препознаен од многубројни меѓународни организации и транснационални корпорации. Ексклузивната програма за сеопфатно лидерство ќе ја реализираат реномирани меѓународни предавачи кои се и лични советници на влади, кралства и интернационални бизнис комори. Повикот за аплицирање е отворен до 23 јуни на веб страната https://pglinstitute.org/ вели Ивана Стојаноска, Директор за стратешки иницијативи на Институтот за подготовки на глобални лидери.
Институтот се организира со цел да се подготват идните млади лидери да размислуваат глобално и заеднички да делуваат за меѓународна кохезија и развој. Според мониторингот кој го прави Институтот се констатира дека изминатите две години учесниците од целиот свет веќе активно ги реализираат своите иницијативи и успешно ги насочуваат младите во своите земји.
Летната школа е организирана од страна на Здружението на граѓани за глобални развојни
иницијативи „ТРЕТ МИЛЕНИУМ”, и ќе се одржи во градовите Струга, Битола и Скопје, од 12-24 август, 2014 година.„Среќни сме што трета година по ред ја организираме меѓународната PGL летна школа токму во Македонија. Како изминатите две години, така и ова