Aпел за помош на Никола НиколовскиДа имаш големо срце кое ќе ги издржи сите болки и притисоци – ова во буквална смисла на зборот го почувствувал Никола Николовски, 13-годишниот осмооделенец од основното училиште “Живко Брајковски” во скопската населба Бутел 1. Од кога знае за себе Никола е со лекови. Боледува од WPW SVPT на срцевиот мускул – хронично заболување на нервниот систем, ретка болест која од најрана возраст го ставила на крстопатот на животот – да се бори да го најде излезот и вистинскиот пат.
Роден е како здраво дете, но веднаш по породувањето добил бактерија која му ја влошила здравствената состојба. Многу брзо неговите родители ја забележале промената кај Никола, кога го добил првиот напад на пароксизмална тахикардија од 360 отчукувања на срцето во минута. Како за малиот Никола така и за неговото семејство неговата болест била вистински шок и отворен проблем како да се справат со неа и да му помогнат на своето чедо?
Паралелно со хроничната болест, има епилепсија која со лекови неговите родители и стручниот тим лекари се трудат да ја стават во мирување, има спина- бифида која исто е во мирување и проблеми со видот кои сега тешко се контролираат бидејќи капките за очи му создаваат тахикардија. Никола живее со список на забрани, но научен е да внимава, вели Маргарита Николовска.
Поради влошената здравствена состојба на 4-годишна возраст на Никола му биле направени две хируршки интервенции во Гетинген, Германија. Тогаш за лекарите било само прашање како да се стабилизира состојбата, за да може срцето да одмори. Животната борбата продолжува до денес. Пред него стои нов предизвик – трета операција во Германија која ќе му го промени животот. Секој нов ден е ново искуство во семејството Николовски. За патувањето во Германија кое треба да донесе нов зрак надеж во семејството Николовски се потребни 18,5 000 евра. Фондот ќе покрие 6000, останатите ќе бидат на грбот на семејството Николовски. Велат ќе се снаоѓаат како знаат и умеат, но Никола мора да ја добие животната шанса. Операцијата и медицинскиот третман бара и нова организација во договор со докторите од детската кардиологија за тоа на кој начин ќе патуваат бидејќи секој стрес и висината ќе има влијание на неговата состојба. Неговото семејство нестрпливо го чека датумот за операција, датум кој треба да ги исполни и желбите на Никола и на неговите најблиски
Засега може да се помогне преку нашето донирање на сума по избор на :
жиро сметките;
-Хуманитарна сметка за Никола Николовски
300001000006016
Комерцијана Банка
-Жиро сметка на Маргарита Николовска
300007068692773
Комерцијална Банка
девизна сметка за Nikola Nikolovski
02-307-0609400.3Nikolovska Margarita
OTВОРЕН ДОНАЦИСКИ БРОЈ ЗА ОНЕ КОРИСНИЦИТЕ : 075-143-114
OTВОРЕН ДОНАЦИСКИ БРОЈ ЗА ВИП КОРИСНИЦИТЕ: 077 143 770
ОТВОРЕН ДОНАЦИСКИ БРОЈ ЗА Т МОБИЛЕ КОРИСНИЦИТЕ : 070143109Да имаш големо срце кое ќе ги издржи сите болки и притисоци – ова во буквална смисла на зборот го почувствувал Никола Николовски, 13-годишнио