Македонските студенти креираат мобилна апликација за Дурекс

(Скопје, 26.05.2014)- Пет тимови од Универзитетот “Св. Апостол Павле” од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда.“За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и  проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација за светски познат бренд како Дурекс, е искуство повеќе и предност за студентите во нивната понатамошна кариера” – изјави Мерсиха Исмајлоска, координатор на проектотод Универзитетот “Св. Апостол Павле”.
Апликацијата ќе содржи голем број на интересни содржини, меѓу кои и квиз за едукација, каде корисниците ќе може да проверат колку се запознаени со превенцијата од сексуално преносливи инфекции, како и со најсигурните средства за заштита од непланирана бременост. Тимот кој ќе го изготви најдоброто решение, ќе ја добие главната награда таблет – уреди, додека нивната апликација ќе биде искористена од брендот Дурекс и ќе биде достапна за симнување на AppStore и Google Play на локално ниво.

“Брендот “Дурекс” на глобално ниво секогаш изненадува со интересни и интерактивни содржини за мобилните корисници. Така и овојпат, нашата цел е во соработка со студентите од Универзитетот “Св. Апостол Павле” да креираме производ кој ќе биде интерактивен и забавен за сите корисници на национално ниво, кој истовремено има едукативна компонента. Финалното решение наскоро ќе биде достапно и се надеваме дека ќе ви се допадне” – изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, генерален застапник за брендот Дурекс” во Македонија.
Натпреварот ќе трае до 15 јуни, по што ќе бидат прогласени победниците и апликцијата ќе биде поставена за македонските корисници да може да ја симнуваат. “За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и  проекти, каде треба да се покаже нивната креативност,&nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: