Во целост ви го пренесуваме ставот на Васко Ефтов наменет за Сашко Кокаланов и сајтот Коза Ностра кој буквално се потсмева на маката на скопјани, после невремето кое го снајде главниот град.Овој ли беше новиот идеолог на СДСМ? До кога овие „младотурски идеолози“ на опозицијата нема да ја научат лекцијата: кога има природни непогоди немојте да правите зафрканции со такви работи бидејќи негативната енергија на граѓаните ќе биде разорна.
Како ќе има некоја лоша вест за Македонија од Брисел тие први ќе се нацртаат со „продавање задоцнета памет“. Како ќе има некоја ваква ситуација први ќе се нацртаат да се прават „паметни и хумористични“ со тоа.
Зарем не сфаќате дека кога народот е исплашен, разочаран или бесен немојте вие да му солите памет бидејќи целата народна енергија ќе ви експлодира во очи. Во такви случаи бидете дел од народот. Тоа е алфа и омега на секоја пи-ар политичка стратегија. Ако и ова што го кажувам не ви е доволно, еве уште два примери.
Првиот, најголемиот рејтинг на Буш помладиот беше во периодот на теористичките напади на 11 септември 2001 година. И вториот, пред десетина години, за време на големите поплави во Германија од изгубена политичка ситуација, кога имаше за 10-тина проценти помал рејтинг од политичките конкуренти, тогашниот премиер Герхард Шредер успеа со паметна ПР стратегија да победи на изборите.
Овој ли беше новиот идеолог на СДСМ? До кога овие „младотурски идеолози“ на опозицијата нема да ја научат лекцијата: кога има природни