Во целост ви го пренесуваме ставот на Горазд Росоклија – „ДА ГО СМЕНИМЕ ОВОЈ ГОСПОД И ДА ГО ЗАМЕНИМЕ СО ДРУГ“Во Македонија, после лична трагедија, после снег или дожд, поскапување на бензинот, снемување струја или вода, недоволно снег за скијање (ова го сметам за најзначајна причина), прељуба или невозвратена љубов…Незадоволниците бараат смена на власта.
Имам предлог, наместо да ја менуваме власта, да го смениме Господ кој е семоќен и од кого сЕ зависи!
Според Гностиците, нашиов свет е создаден од овој наш несоврешен Господ и заради тоа светот е несовршен.
Но, Гностиците не учат дека во космичкото царството на Барбело кое е над нашиов свет, живеат совршени Богови кои создаваат совршени светови, и најсовршените меѓу нас биваат избрани да одат таму кога ќе им заврши земниот живот.
Затоа предлагам да се откажеме од нашиов несовршен Господ, и да го замениме со совршен од царството на Барбело.
Така ќе уживаме во совршенството. Нашето, туѓото, па и на политичарите кои нема да можат да бидат несовршени во така совршен свет.
П.С. Јас лично наоѓам огромно задоволство во несовршенството и се надевам дека ќе одам во пеколот. Очекувам таму да ги сретнам најинтересните луѓе, а се надевам и најубавите жени кои според приказните што ги слушам, гарантирано ќе бидат испратени таму.“Во Македонија, после лична трагедија, после снег или дожд, поскапување на бензинот, снемување струја или вода, недоволно снег за скијање (ова го см