Како резултат на големите поплави кои се случија во Србија, а на повик на премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ, СКПИЦ „Вук Караџиќ“ – Кучевиште во заедничка координација со Месните заедници од регионот на Скопска Црна Гора: Горњане, Глво, Чучер, Бањани, Побужје, Кучевиште, како и со ангажманот на поединците од К. Бара, Бразда, Љубанци и Радишани, претпријатијата КРМЗОВ ДООЕЛ – Струмица и Фармацевтскиот факултет од Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, собрана е хуманитарна помош во вид на различна роба: вода за пиење, средства за лична хигиена, храна, пелени, детски кашички, облека итн.Се изразува голема благодарност до Амбасадата на Република Србија во Р. Македонија, Српската заедница во Македонија, како и до македонските институции на отворената соработка и достапност за полесно допремање на хуманитарна помош за загрозените региони во Србија.
Инаку, оваа акција несебично ја поддржаа припадниците од сите мултиетнички заедници на подрачјето на Скопска Црна Гора, а исто така се изразува посебна благодарност и до младите на овој регион за својот несебичен ангажман, хуманоста и пожртвуваноста при волонтерската работа и активностите што беа спроведени на терен.
Донираната роба беше доставена до Црвениот крст во Србија, во собирниот центар во Ниш. Превозот беше обезбеден од граѓаните на Скопска Црна Гора.
Се изразува голема благодарност до Амбасадата на Република Србија во Р. Македонија, Српската заедница во Македонија, како и до македонските институ