Интервју со Драгана Чифлиганец и Димитар Никушев, дипломци на Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ:Драгана Чифлиганец и Димитар Никушев како дипломци на Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ беа дел од кампањата „Можете и Вие!“, која има за цел на локално ниво да го промовира најдоброто од образованието. Тие во неколку одговори ги истакнуваат можностите и перспективите кои ги нуди високото образование од овој престижен Британски универзитет.
На кој начин образованието на СИТИ Колеџот ја трансформира Вашата кариера и Вашата иднина?
Димитар: Страста и желбата, како и знаењето кое го имав од областа на информатичките технологии беа доизградени, надополнети и многукратно проширени во теоретскиот и практичниот дел од страна на мојот ментор, професорите и целокупната организација на СИТИ Колеџот. Помошта, советите и дискусиите дадоа голем придонес како за успешно студирање, така и за дефинирањето на животните цели, од личен и професионален аспект. Постојано се наоѓате пред предизвици, чие решавање ве води до сознанијата за вашите способности и потенцијалот кој го поседувате, како и за можностите за нивно подобрување. Целиот академски процес е насочен за постигнување на мотивација и успех, како и навика за постојано анализирање на стекнатото знаење и желба за освојување на нови знаења. СИТИ Колеџот отвора врати кон подобра кариера и иднина, но секој студент си ја носи својата одлука за понатаму. Јас сум презадоволен од мојот избор, развојот на мојата кариера и остварувањето на мојата иднина.
Која беше најважната лекција која ја научивте за време на Вашите студии таму?
Драгана: Воведување и одржување на дисциплина во студирањето и во животот, поставување и почитување на временски рокови, креирање на јасни и конкретни цели, утврдување на визии и планови и секако, анализа на резултатите и градење на стратегија за понатамошната работа и иднината, се лекции кои ги осознав и совладав за време на моите студии на СИТИ Колеџот. На овој универзитет научив како да ги пронајдам потребните и најнови информации и да дојдам до сознанија за современите достигнувања и трендови во светот, а со следење и примена на меѓународните стандарди, во комбинација со моите идеи и сопствени гледишта, мој императив стана да бидам чекор пред другите во сѐ што создавам во работата и животот. Сфатив дека тоа е пресудниот фактор за она што го работиме, создаваме и нудиме да добие препознатлива додадена вредност што ќе го издвои и направи позабележително, попривлечно и повредно од другите.
По што би го издвоиле образованието на СИТИ Колеџ (во споредба со другите високообразовни институции)?
Димитар: Образованието на СИТИ Колеџ би го издвоил по наставната програма која постојано се надградува во согласност со напредокот на научните дисциплини во специфичните области, процесот на пренесување на знаењето од страна на професорите, стратегијата и имплементацијата за спојување на теоретското и практичното знаење и искуства, надополнето со мотивацијата за надминување на препреките и постигнување на успех. Предметите од наставната програма овозможуваат стекнување на знаења кои се соодветни со ИТ трендовите, професорите применуваат наставни методи за најдобар и најефикасен пренос на знаењата и секогаш се достапни за понатамошни дискусии и прашања за наставните теми, постојано поттикнуваат кон успех, притоа задржувајќи ја професионалноста и академскиот интегритет, со цел дипломираните студенти да бидат горди на поминатиот академски процес, да го користат и надградуваат знаењето и да бидат успешни во своите области. Сето тоа е надополнето со разните социјални настани кои СИТИ Колеџ ги организира за своите студенти, како и прекрасно приморско опкружување со сите свои поволности и обележја.
Што би им препорачале на идните студенти од Македонија кои сакаат да се запишат на СИТИ Колеџ?
Драгана: Изборот на студиите и универзитетот е една од најважните одлуки во животот. Тоа Ви го трасира понатамошниот пат во сите сфери и освен образование, Ви дава солидна основа, искуство и самодоверба да се справите со секакви ситуации во работата и животот и да го пронајдете решението и во навидум нерешливи моменти. На сите идни студенти им препорачувам без страв и со отворени очи да сонуваат и да направат сè за да го остварат својот сон. Високото образование нѐ подготвува не само за нашата професионална кариера во иднина, туку, што е поважно и за реализација како комплетни личности во приватниот живот. СИТИ Колеџот ми овозможи оваа „сериозна обврска“ да ја поминам и доживеам на еден специфичен и забавен начин и ме изгради во личност која е подготвена да се соочи, справува и пронаоѓа решенија за сите проблеми и предизвици во работата и животот, што и даде суштинска и универзална димензија на оваа „професионална и животна школа“. Драгана Чифлиганец и Димитар Никушев како дипломци на Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, СИТИ Колеџ беа дел о