Телекомуникацискиот оператор донира униформи за сите вработени во Зоолошката градина како дел од акцијата „Близупријател на Скопје зоо“ и најави понатамошна поддршка на Зоолошката градинаТелекомуникацискиот оператор „Близу“ и Скопската зоолошка градина денес го означија почетокот на меѓусебната соработка преку проектот „Близу пријател на Скопје зоо“. Почетокот на оваа соработка е донацијата на униформи за сите вработени во Зоолошката градина, како и подновување на влезот на објектот.
„Оваа донација и овој проект воопшто се само почеток на отворениот однос и позитивниот пристап на Близу кон Скопската зоолошка градина, кој планираме да го задржиме низ годините кои следуваат. Нашата компанија е голем поборник за правилен третман на животните и се надеваме дека дел по дел, година во година, нашата соработка ќе има само нагорна линија”, изјави Искра Секуловска, маркетинг-директор во „Близу“ .
Од операторот најавија бројни настани, едукација и забава за најмалите во Скопската зоолошка градина во претстојниот период. Телекомуникацискиот оператор „Близу“ и Скопската зоолошка градина денес го означија почеток