Од почетокот на најмасовниот фестивал во Македонија- Баскерфест не делат само неколку дена. Артистите веќе се спремни и едвај чекаат да ја покажат својата умешност и секојдневно да ги забавуваат граѓаните по улиците низ македонските градови, но и во најголемите ноќни клубови низ земјата.
Еве дел од оние баскер изведувачи кои ќе имаме можност да ги видиме оваа година:
MJ RESURRECTION од Еквадор, одлична сценска и кореографска имитација на Мајкл Џексон и неговите најпознати спотови.
NATSUKI TAMURA од Јапонија, ексцентричен артист кој на различни начини произведува музика, а нуди и неверојатно визуелно шоу за публиката.
U.S.A BREAKDANCERS- Брејкденс играчи од Њујорк кои заедно работат повеќе од 20 години. Многу пати наградувани на натпреварите во брејкденс, важат за едни од најдобрите брејкденсери во светот, а во 2013 ја добиваат и наградата- Twitter, best act, која што секоја година ја доделуваат твитерџиите ширум светот.
DEVA од Грција е уличен артист кој ги спојува циркуските вештини со танц и театар. Неговите перформанси никого не оставаат рамнодушен.
CIRCO SOLITO од Аргентина се омилени кај најмладите кои највеќе се забавуваат на нивните настапи. Alejo е основачот на ова патувачко циркуско шоу во кое секогаш интерактивно ја вклучуваат и публиката.
BARBAROSSA SAMBA GROUP од Романија е првата и единствена традиоционална самба група која прави чуда со перкусиите.
Повеќе информации за останатите изведувачи може да прочитате на следниот линк
Бидете спремни за она што не очекува од 29 мај и одберете ги вашите омилени артисти кои ќе сакате да ги погледнете на улиците во вашиот град под отворено небо.
БАСКЕРФЕСТ 2014, позитивна вибрација на градот.Артистите веќе се спремни и едвај чекаат да ја покажат својата умешност и секојдневно да ги забавуваат граѓаните по улиците низ македонските градов