Елизабета Канческа Милеска: Заработував во фирма кај вујко ми

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, за Пулс 24 открива како ги заработила првите пари:-Отсекогаш сум била посветена и сконцентрирана на она што го работам. Никогаш не брзав да се вработам, пред целосно да го оформам моето образование, да се квалификувам-вели Канческа.
Во 1993 година дипломирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје, група Социологија.Во 2005-та магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“.

Во февруари 2012 година докторира на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на темата “Европскиот културен модел и културно-интеграциската политика на Република Македонија”.
-Првото работно искуство го стекнав во 1992 година кога се вработив во приватна фирма кај мојот вујко, за увоз-извоз, во областа на економско –правните работи и како менаџер до 1998 година работев таму, а тоа се воедно и моите први заработени пари, кои ги потрошив за мои лични работи. Тоа работно искуство како менаџер ми помага до ден-денес во мојата работа-раскажува министерката за култура ексклузивно за Пулс 24.-Отсекогаш сум била посветена и сконцентриран

Пронајдете не на следниве мрежи: