Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје има чест да Ве покани на мајската едукативна работилница „Најзначајните информации за бременоста и породувањето“. Досега работилниците ги посетија над 1000 бремени жени и нивни партнери. Бидете и Вие, заедно со Вашиот партнер, дел од овој значаен проект, дознајте многу значајни информации за Вас и Вашето бебе.Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејство. Бремените жени и партнерите треба да се запознаат со сите аспекти на бременоста и породувањето (медицински, психо-физички, емоционални) и како да се заштитат себе си и своето бебе. Младите луѓе, пак треба да ги знаат основните информации за бременоста, со цел да имаат посакувана и планирана бременост кога за тоа ќе бидат подготвени. Работилницата ќе се одржи во центарот на Скопје, во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, во среда, 28.05.2014 год. со почеток од 18 часот.
Сите заинтересирани може да го најават своето учество на [email protected] или на телефонскиот број 078/377 – 792.
Во прилог Ви испраќаме покана за настанот и агенда.
Поддржувач на овој проект е Ogestan – Најдобриот пренатален суплемент за пред зачнување, бремености доење.
Доколку сметате дека на некој од Вашите пријатели, познаници или соработници може да му користи ваквиот тип на едукација, Ве молиме препратете ја оваа порака.Работилницата е наменета за бремените жени и нивните партнери од Скопје и околината и за младите кои допрва ги чека одлуката за формирање на семејс