Авалон Продукција ќе организира голем хуманитарен концерт под мотото „Македонија за нашите браќа и сестри од Србија и Босна и Херцеговина“ на 28ми Мај (среда) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.Концертот ќе го отвори Кристина Арнаудова, потоа ќе настапат Тони Зен, Ареа, Нокаут, Каролина – „Македонско девојче – проект“, а како последен концертот ќе го затвори Влатко Стефановски со неговото трио. Сите артисти ќе настапат со свои бендови во живо.
Хуманитарната акцијата е подржана од „СЦ – Борис Трајковски“ кој за овој настан сите свои ресурси ќе ги обезбеди бесплатно, додека за беспрекорен звук, светло и видео ќе се погрижи фирмата „ДВД 5“ со сите свои расположливи елементи.
Во продажба ќе бидат пуштени сите 10 000 влезници по цена од 500,оо денари од 21ви Мај (среда) преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ како и online на www.kupikartizase.com.
Мораме да се потрудиме сите 10 000 влезници да бидат распродадени со што би се собрале 5.000.000,oo денари.
На официјалниот ФБ профил на Авалон продукција, секоја вечер од 21ви Мај до 28ми Мај во точно 21 часот ќе биде јавно соопштувана дневната продажба на влезниците за овој химанитарен концерт.
АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА УПАТУВА ОТВОРЕНА МОЛБА ДО СИТЕ 3 (ТРИ) МОБИЛНИ ОПЕРАТОРИ: Т – МОБИЛЕ, ОНЕ И ВИП КАКО И ДО СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ: МТВ, СИТЕЛ, АЛФА, КАНАЛ 5, ТЕЛМА И АЛСАТ М ДА ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО ОВАА КОНЦЕРТНА АКЦИЈА. МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ СО ОТВОРЕНИ ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ, А ТЕЛЕВИЗИИТЕ СО ДИРЕКТЕН ПРЕНОС КАКО БИ БИЛЕ ВО МОЖНОСТ ДА ОРГАНИЗИРАМЕ КОЛ ЦЕНТАР КОЈ ШТО СО ПОМОШ НА ДИРЕКТНИОТ ПРЕНОС БИ ПОМОГНАЛ ДА СЕ СОБЕРАТ МНОГУ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ОДКОЛКУ ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ.Концертот ќе го отвори Кристина Арнаудова, потоа ќе настапат Тони Зен, Ареа, Нокаут, Каролина – „Македонско девојче – проект“, а