Оваа компанија стана дел од многуте кои им пружија помош на загрозените граѓани во Србија.Македонската компанија „Пелистерка“ се приклучи кон повиците за испраќање помош во Србија, која што изминативе денови е зафатена од поплави со катастрофални размери. Имајќи предвид дека за граѓаните на нашиот северен сосед свежата вода за пиење е еден од најголемите недостатоци, производителот и дистрибутер ќе испрати 10 камиони со повеќе од 225.000 литри од оваа течност во најзагрозените подрачја. Станува збор за над 160 илјади шишиња.
– Ситуацијата во Србија ја следиме со огромна загриженост. Солидарноста и желбата да му се помогне на соседот во овие мигови треба да бидат најсилни. Без размислување и резерви решивме да го испратиме овој конвој со свежа вода за пиење која, се надеваме, барем малку ќе им ја олесни состојбата и ќе им помогне во битката со невремето и со водената стихија на тие што им е најпотребно – велат од „Пелистерка“.Македонската компанија „Пелистерка“ се приклучи кон повиците за испраќање помош во Србија, која што изминативе денови е