ПОЧНУВА ПРВИОТ СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ

Градот Скопје ги поканува граѓаните на првиот СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ, кој во деновите од претстојниот викенд (17.05 и 18.05) од 10 до 19 часот ќе се одржува во вториот дел од Градскиот парк, на просторот наспроти „Паркот за миленици“.Фестивалот на цвеќето ќе почне утре (17.05), во 10 часот, со цветно дефиле во кое ќе учествуваат 500 деца, а кое ќе тргне од плоштадот „Македонија“ и ќе се движи кон Градскиот парк.
Просторот наспроти „Паркот за миленици“ ќе биде поделен на три зони. Првата зона ќе биде за креативни работилници, анимации, креации, иновации и идеи. Вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ на овие работилници ќе пренесуваат искуства на сите заинтересирани, а особено на најмладите, како правилно да се садат и негуваат цвеќињата, како да се направи цветен аранжман, како да изработат цветно оригами…
Студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, пак, ќе подготвуваат креации инспирирани од цвеќе.
Во втората зона – зона за промоција, познати цвеќари и фирми за хортикултурно и пејсажно уредување ќе изведуваат мини градини. Во оваа зона своите вештини ќе ги покажуваат стручни лица од ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, СУГС „Ѓорѓи Димитров“, Green planet, Хортиексперт, Хорти дизајн, Маган мак, Биропроект, Китка Плант фарма и други.
Во овој дел граѓаните ќе можат и да купат цвеќе по намалени цени и тоа: сезонско цвеќе (Impatiens, salvija, begonia, petunia…) од по 25 денари; резан цвет (rosa, gerbera, kala, hrizantema…) од 40 денари; саксиско цвеќе од 95 денари; цветни аранжмани и букети од 100 денари.
Во третата зона – зона за забава и еко-пикник, граѓаните ќе имаат можност да погледнат цветни перформанси, да вежбаат јога, аеробик и зумба на отворено и да слушаат музика.
Целта на првиот СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ е да се промовира одгледувањето цвеќе пред граѓаните, а најмладите да се вклучат во работилници, да ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќињата.Фестивалот на цвеќето ќе почне утре (17.05), во 10 часот, со цветно дефиле во кое ќе учествуваат 500 деца, а кое ќе тргне од плоштадот „Макед

Пронајдете не на следниве мрежи: