Се продолжува рокот за пријавување на конкурсот за најголем придонес за животната средина

Градот Скопје го продолжи рокот за пријавување на конкурсот за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и стопански објект и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта. И сега пријавувањето ќе трае до 23 мај.Целта на овој традиционален градски конкурс е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата.
Според условите на јавниот повик, Градот Скопје ќе избира:
1. Најеколошка компанија (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина);
2. Најголем придонес во областа на заштитата на животната средина (правни и/или физички лица кои со својата активност и залагање сториле најмногу за зачувување и унапредување на животната средина во Скопје, во смисла на заштита на медиумите и областа на животната средина, намалување на користење на необновливи видови енергија и сл.);
3. Најубаво уреден двор (двор на објект за индивидуално домување, колективно домување и институција, фирма или стопански објект);
4. Најубав состав на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта);
5. Најубав цртеж на тема екологија (за ученици од основните и средните училишта).

 
Пријавите на заинтересираните граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица може да се достават по пошта на адресата: Град Скопје – Сектор за заштита на животната средина и природата, булевар Илинден 82, или во архивата на Градот, како и на телефонските броеви 02/ 3297-273 и 3297-302.
За првите две категории, предвидена е по една награда во износ од по 45.000 денари. За третата категорија предвидени се три награди (за индивидуално домување, за колективно домување и за институција, фирма или стопански објект), во износ од по 40.000 денари.
За четвртата категорија се предвидени две награди, една за учениците во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.
За петтата категорија се предвидени две награди, една за ученици во основните училишта и една за ученици во средните училишта, во износ од по 10.000 денари.
Прогласувањето на добитниците во сите категории ќе се одржи на 5 јуни.Целта на овој традиционален градски конкурс е да се промовира и популаризира грижата за животната средина и за природата.
Според условите н

Пронајдете не на следниве мрежи: