На локација со многу зеленило, просторност и светлина, во скопскиот градски парк! Во срцето на градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, изграден по највисоките светски стандарди за луксузно апартмантско живеење, неодамна е пуштен во употреба луксузниот комплекс Парк Резиденс. Љубителите на убавиот животен простор ќе имаат ретка можност да купат апартман, на локација како на ретко кое друго место, да го живеат својот сон, и да ја реализираат инвестицијата на својот живот.
Парк Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и хотел, во кој се инвестирани над 25.000.000 милиони евра домашен капитал , во изградбата се користени материјали од светските брендови како Cotto D' ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, кои се потврдени и од овластените институции во земјата, што е повеќе од гаранција за високиот квалитет.
“Навистина сме горди на овој објект. Парк резиденс е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на нај пребирливите. Апартманите ги карактеризира многу светлина, одличен распоред, хармонија, и многу други детали на кои внимававме, за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи кои се неопходни за здрав и долг живот. Комплексот го карактеризира препознатлива фасада, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологијакоја е вградена во објектот, што сеопфатно Парк Резиденс го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите”, изјави Бранкица Анѓелевска проект менаџер во Имморекс Македонија ДОО Скопје.
Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија.
Комплексот се состои од вкупно: 126 апартмани, деловен простор, хотел на 5 ката, обезбеден паркинг, на вкупна изградена бруто површина од 32.264м2. Сите оние кои ќе живеат во овој комплекс или ќе престојуваат во хотелот ќе имаат на располагање и спа и фитнес центар, и многу други подобности, сите на едно место.
Изберете секојдневна радост, изберете го Парк Резиденс!Во срцето на градскиот парк во Скопје, на кејот на реката Вардар, со уникатен поглед кон скопската тврдина Кале, изграден по највисоките светски ст