ŠKODA го освои првото место на годишното истражување за задоволството на потрошувачите -Auto Express Driver Power, како национален автомобилски бренд со најзадоволни потрошувачи, ŠKODA исто така триумфираше во пет други одделни категории со своите модели, со што е најуспешен бренд во спроведената студија за 2014.Годинешната студија спроведена од страна на Auto Express магазинот за автомобили, опфати 50.000 испитаници од кои беше побарано да го оценуваат својот автомобил според голем број клучни параметри, од квалитетот на возење до практичност. ŠKODA Yeti доби највисоки поени за задоволството на клиентите во рамките на целокупното истражување ( 92,78 %), со што ја повтори својата победа од 2013 година, а со Citigo ( 92,62 %) и Superb ( 91,68 %), ŠKODA убедливо си ги обезбеди првите три позиции.
“Ова е спектакуларен резултат за ŠKODA, со првите три позиции на нашата Drive Power студија спроведена врз повеќе од 50.000 сопственици на автомобили. Тоа уште еднаш докажува дека ŠKODA креира автомобили кои сопствениците навистина ги сакаат и од срце ќе им ги препорачаат на другите” – изјави Стив Фаулер, главен и одговорен уредник на Auto Express, автомобилскиот магазин.
Како надополнување на овие фантастични достигнувања за ŠKODA, се и победите во петте одделни категории – Yeti е прогласен за Најдобр Off-Roader / спортско корисно возило, Citigo за Најдобар Супермини /градски автомобил и Superb е прогласен за Најдобар Семеен автомобил. Citigo исто така, заврши на првото место според критериумот- Најдобра потрошувачка, додека Yeti беше избран од страна на читателите за автомобил кој Наједноставно се управува.
Коментирајќи ги резултатите добиени на истражувањето Auto Express Driver Power 2014, господинот Стјуарт, директор на брендотŠKODA за Велика Британија, изјави : „Ова е уште еден неверојатен резултат за ŠKODA. Ние сме воодушевени од фактот што нашите клиенти толку стравствено ги сакаат своите автомобили. Знаеме дека очекувањата се повисоки од било кога досега, па првите три позиции во овогодинешното истражување се големо достигнување за сите вработени во ŠKODA.”
Победата на Yeti втора година по ред, во ова истражување за задоволството на потрошувачите, ја прави една од најнаградуваните модели на ŠKODA. До денес има освоено повеќе од 25 награди од областа на индустријата, технологијата и задоволството на потрошувачите, вклучувајќи ги и наградите Автомобил на годината (2010), Top Gear семеен автомобил на годината ( 2010 ) и Honest John Автомобил на годината (2011).Годинешната студија спроведена од страна на Auto Express магазинот за автомобили, опфати 50.000 испитаници од кои беше побарано да го оценуваат сво