Најголемиот нискотарифен авиопревозник во централна и во источна Европа, „Виз ер“, го објави зимскиот ред на летање за 2014 година за Македонија.Мрежата на унгарската компанија, која ги користи услугите на аеродромот „Александар Велики“ со кој раководи „ТАВ Македонија“, ќе вклучува вкупно 14 дестинации во осум различни земји. Популарниот Париз, со два лета во текот на неделата, претставува идеален избор за македонските граѓани кои сакаат да заминат на романтично патување надвор од Скопје.
Освен до француската метропола, дел од останатите рути кои „Виз ер“ ги нуди во новиот зимски ред се до Ајндховен, Минхен и Лондон (по трипати неделно) и до Малме, градот којшто ќе биде опслужуван со четири термина во текот на една седмица.
– „Виз ер“ со задоволство го претставува својот зимски ред на летање за Македонија. Бројни возбудливи дестинации, како Париз, Лондон и Малме, се веќе достапни по ниски цени од Скопје. Се надеваме дека нашите 14 интересни зимски летови ќе донесат многу насмевки во Македонија. Билетите за зимскиот распоред на патување за 2014 година веќе можат да се купат на нашата интернет-страница wizzair.com – вели претставникот на „Виз ер“, Даниел де Карваљо.
За „Виз ер“
Унгарски Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и во источна Европа, укажуваат последните податоци на „Иновата“. Под логото на овој воздухопловен бренд летаат 48 авиони од типот „Ербас А320“. Тие опслужуваат повеќе од 300 рути од 16 оперативни бази, меѓу кои е и таа во Скопје. „Виз ер“ поврзува 96 дестинации во 35 земји. Над 1.900 професионалци од областа на авијацијата обезбедуваат супериорна услуга и навистина ниски цени на билети, што на „Виз ер“ ѝ ја осигурува позиција на прв избор на повеќе од 13.5 милиони патници во 2013 година.
Мрежата на унгарската компанија, која ги користи услугите на аеродромот „Александар Велики“ со кој раководи „ТАВ Македонија&ldquo