Пролетен Веро Вино фест во Скопје

Веро вино фест официјално ќе биде отворен на 7 мај на веќе проверената локација на отворениот паркинг простор пред Веро-центарот, а ќе трае до 11 мај. 
Првите два дена програмата е планирана да почне во 17 часот и ќе трае сè до 1 после полноќ додека од петок забавата се поместува еден час подоцна т.е започнува во 18 часот и ќе трае сè од 2 по полноќ.
„И овој пролетен Веро вино-фест го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното, бидејќи како што велат, пивото е создадено од луѓето, но виното го направиле боговите…
Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња. Ги поканувам сите љубители на добрата музика и на фината капка заедно го славиме животот, старите пријателства, среќните времиња, убавите манири, фантастичната музика и вкусната храна”, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.
На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат: Тамбураши, Сара Мејс, Чалгии, Митан Проџект, Дани Димитровска, Жаре Бербер, М.В.П. Србија, Ајдарет, Ристо Џипси Џез, Тумбао Салса и многу други. 
Првите два дена програмата е планирана да почне во 17 часот и ќе трае сè до 1 после полноќ додека од петок забавата се помест

Пронајдете не на следниве мрежи: