Анкета: ВМРО ДПМНЕ со убедлива предност-тоа укажува на двојна победа!

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од  ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност и извесно е дека ќе однесе двојна победа на претстојните парламентарни избори.Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот Димитрија Чуповски направена во периодот меѓу 28 и 31 Март на 1510 испитаници за да ја измери поддршката на граѓаните кон кандидатите за претседател, политичките партии и политичките лидери во Република Македонија, како и нивните перцепции за политичките партии во неколку сегменти од политичкото делување.
Доколку резултатите од анкетата се споредат со претходното истражување на јавното мислење кое го спроведе Институтот Димитрија Чуповски кон крајот на месец јануари 2014 година, забележително е дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ пораснал за дополнителни 1.7%, додека рејтингот на СДСМ останал на истото ниво односно забележал пад од 0.2 процентни поени.

На прашањето „За која партија ќе гласате на предвремените парламентарни избори?“, 27,8 отсто од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 14,9 за СДСМ. Понатаму следат ДУИ со 7 отсто, ДПА со 4,4 и ГРОМ со 1,8. За “ниедна“ одговориле 17.5 отсто од испитаниците, додека со “не знам“ одговориле 23,8 отсто.
Премиерот Никола Груевски и понатаму ужива убедливо најголема доверба меѓу политичарите, односно неговиот рејтинг е дури за четири пати поголем од оној на Зоран Заев. Дека најголема доверба имаат во Груевски се изјасниле 27,9 отсто од испитаниците, додека за првиот човек на опозицијата само 6,9 отсто.
Повеќе од 50 отсто од испитаниците имаат поголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги исполни предизборните ветувања, додека само 17,2 отсто имаат доверба во СДСМ во однос на ова прашање. Со “не знам“ одговориле 32,2 отсто.   
На прашањето „Која политичка партија има поспособно раководство и поквалитетен тим ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?“, 43,3 отсто сметаат дека тоа е владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ се одлучиле 15,2 отсто.

Актуелниот шеф на држават и кандидат за втор претседателски мандат, Ѓорге Иванов има речиси двојна предност во однос на Стево Пендаровски. Дека својот глас ќе го дадат за Иванов во првиот круг одговориле 30,2 отсто од испитаниците, додека за Пендаровски 16,1 отсто.

 
Во анкетата, како што потенцираат од Димитрија Чуповски, која беше на ниво на целата територија на Република Македонија, беа опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2проценти.Ова го покажува најновата телефонска анкета на Институтот Димитрија Чуповски направена во периодот меѓу 28 и 31 Март на 1510 испитаници за да ја из

Пронајдете не на следниве мрежи: