Член на системот со два столба ќе прима пензија од два извора: од првиот столб и од вториот столб.Пензијата од првиот столб се пресметува преку процентни стапки за секоја година работен стаж на членот. Член кој од почетокот на својот работен век е дел од првиот и вториот столб, од првиот столб како пензија може да очекува максимална вкупна процентна стапка од околу 30% од неговата просечно остварена валоризирана плата во текот на работниот век.
Износот на пензија кој ќе го добива од вториот столб во основа зависи од висината на пензискиот придонес на членот, приносите кои ги остварува неговото пензиско друштво од инвестираните придонеси и надоместоците кои ги наплаќа неговото пензиско друштво.
Начинот на исплата на пензија и пензиски надоместок од втор и трет столб е регулирана со Закон за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување.
Повеќе информации можете да добиете на: nlbnpf.com.mkПензијата од првиот столб се пресметува преку процентни стапки за секоја година работен стаж на членот. Член кој од почетокот на својот работен век