Заев, Спасовски, Николов, Зачевиќ и Кирацовски- носители на листа?

Партискиот лидер Зоран Заев да ја предводи Првата изборна единица, во двојката (скопско-кумановска) носител да биде актуелниот генерален секретар Оливер Спасовски, кој доаѓа од кумановскиот регион, а во Третата, Маријанчо Николов.Вака според првичните најави се преговара да биде распоредот на социјалдемократите на првите три ИЕ за носители на листи. Иако во централата на опозициската партија с` уште се кројат пратеничките места и се одлучува за носители, с` поизвесно е дека акцентот ќе биде ставен на помалку експонирани членови на партијата. Пратениците во заминување, од кои голем процент беа блиски соработници на Бранко Црвенковски, речиси и да ги нема во распоредот за новиот состав на СДСМ во Собранието. Според наши неофицијални информации, високото раководство с` уште не одлучило дали на априлските парламентарни избори најдобар избор за носител на Четвртата изборна единица е Ленче Николовска или, пак, Хари Локвенец, кој на локалните избори претендира за градоначалничката функција во Прилеп.
Во пресрет на Kонгресот на СДСМ, кој треба да се одржи в недела, на „Бихаќска“ с` погласно се коментира оти Заев нема да одигра со високото раководство, односно дека ќе ги тргне настрана од листите. Сепак, како што брифираат од партијата, актуелниот потпретседател на СДСМ, Александар Kирацовски, најверојатно, ќе биде единствениот носител од најблиските соработници на Заев. Партискиот лидер ќе му ја даде довербата да ја предводи Петтата изборна единица, а за шестката во СДСМ се преговара носител да биде сегашниот организационен секретар Миле Зечевиќ. 

Меѓу другото, останува непознато како течат преговорите меѓу СДСМ и коалициските партнери за пратенички места. Партискиот портпарол Петре Шилегов потврди дека Заев интензивно се сретнува со опозициските партии, но с` уште нема информација колку места за народни избраници ќе им бидат отстапени. Единствено лидерот на НСДП, Тито Петковски, досега јавно се изјасни дека нема намера повторно да седне во собраниските клупи. Според наши информации, најголем простор на пратеничките листи СДСМ, веројатно, ќе му отстапи на ЛДП на Андреј Жерновски, но сигурно е дека носителите ќе бидат единствено од СДСМ. – В недела ќе се знаат сите детали за листите – потврди гласноговорникот на СДСМ. На неделниот конгрес ќе му претходат седници на Извршниот и на Централниот одбор каде што сликата за пратеничките листи дефинитивно ќе биде расчистена, односно листите ќе бидат познати и само формално предадени на Kонгресот за гласање. В понеделник, пак, се очекува партијата да ја одржи конвенцијата за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. 
ДневникВака според првичните најави се преговара да биде распоредот на социјалдемократите на првите три ИЕ за носители на листи. Иако во централата на опо

Пронајдете не на следниве мрежи: