Хуманитарна Велосипедска Тура 2014 за децата од СОС Детско село Македонија

На 5. април 2014. година, СОС Детско село Македонија организира Хуманитарна велосипедска тура за децата кои благодарение на СОС Детското село имаат топол дом и родителска грижаНашиот младинец Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 1700 километри низ шест балкански земји на велосипеди. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС Детските села, организација под чија закрила обајцата пораснаа.
Настанот ќе биде поддржан од многу наши пријатели, соработници, локалната заедница и медиумите.
Повеќе информации за настанот  може да најдете на:https://sos.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=211%3A2014-03-12-11-57-26&catid=45%3A2010-10-31-09-49-50&Itemid=1&lang=mk
 

“Во СОС Детското село дојдов две-три недели пред да наполнам осум години. Доаѓањето тука ми беше најубавиот подарок,“ вели Љупчо.
“Тука научив да бидам дете. Тука добив семејство, браќа и сестри, љубов и грижа. Тука научив да верувам во луѓето и да сакам. Тука добив шанса да станам тоа што сакам.
Јас денес работам и студирам. Хоби ми се пеење и спортување. Ми се остваруваат сништата. Она што силно го посакувам е истото да им се случи и на другите деца како мене. Затоа, придружете ми се! На 5. април—сите на велосипед!“

 
Во СОС Детското село децата без родители и родителска грижа добиваат ново семејство, грижлив родител и втора шанса во животот.
Во СОС Детското село децата растат опкружени со љубов и грижа. Тие се чувствуваат сигурни и безгрижни, слободни да ги развиваат своите потенцијали и таленти.
Потврда за тоа дека успешно ја работиме нашата работа е токму оваа иницијатива која доаѓа директно од Љупчо и Даниел.
“Ова е моето благодарам,“ вели Љупчо.
Здружението на граѓани СОС Детско село Македонија постои од ноември 2000. година. Денес, низ своите програми, СОС Детско село Македонија им помага на децата со ризик да имаат безгрижно детство и посигурна иднина.Нашиот младинец Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 1700 километри низ шест балкански земји на велосипеди. Целта им е да ги привл

Пронајдете не на следниве мрежи: