Ова е мерка зад која целосно застанува и ПУЛС24.МК, бидејќи сметаме дека децата мораат да бидат заштитени по секоја цена.Педофилите кои ќе го повторат делото, нема да имаат право на избор. Тие задолжително ќе бидат кастрирани. Јавноста даде позитивни оцени за измените во законот кој го стегнаа обрачот околу овие монструми.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес уште еднаш ги образложи новите мерки.
-На хемиска кастрација ќе подлежат задолжително сторителите на вакви кривични дела кои втор пат ќе го направат истото или оние кои ќе се согласат на медицински-фармаколошки третман. Доколку дадат согласност, ќе има намалување на затворската казна, истакна Спасов.
Според измените за кривичното дело обљуба, кај основниот облик на педофилија, казната затвор наместо 8 години, се зголемува на најмалку 12 години. Кај квалификаторниот облик, за обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, настапила тешка телесна повреда, смрт или друга тешка последица, казната затвор беше најмалку 10 години или доживотен затвор, а сега се предвидува минимална казна од 15 години затвор до доживотен затвор.
извор: курирПедофилите кои ќе го повторат делото, нема да имаат право на избор. Тие задолжително ќе бидат кастрирани. Јавноста дад