Мајката на Вранишковски ја разоткрива мистеријата за ПОА

Јован Врнишковски е Србин, одгледан во духот на српската вера и негуван да му служи на српското православие, открива Галина Врнишковска, мајка на Јован.Мајката на Јован Вранишковски, Галина Врнишковска ја демистифицира вистината за создавањето на Православната Охридска Архиепископија, пара-црквата на Врнишковски. Сите обиди на Врнишковски и на неговите приврзаници да ја убедат македонската јавност, но воедно и православната јавност во светот, дека станува збор за Македонска црква, паднаа во вода. Галина Врнишковска, инаку поранешен професор по македонски ајзик во Битола, а сега пензионер во изјава за еден српски портал открива дека ПОА е српска црква и дека Врнишковски уште од мал бил одгледан во духот на српското православие.
-Ги чувавме нашите српски корени и својата православна вера. Така ги подигавме и своите деца. Така ги воспитував и туѓите. Да знаат на кој народ и нација им припаѓаат, на која вера и таа да ја негуваат како своја. Никогаш и кон никого немавме резерва или недај боже омраза. И да Ви кажам дека за нас не беше изненадување кога син ми се определи да им служи на корените и на верата. Но на ваква несреќа никој не се надеваше. Срцето ми крвари, изјавува Галина Вранишковска, мајка на Јован за српскиот портал, poruke.org

Од создавањето ан ПОА во 2002 до оваа изјава, Врнишковски и неговите приврзаници ја убедуваа јавноста дека создале македонска призната црква во православниот свет. ПОА е автономна црква во составот на Српската патријаршија.
Извор: denesen.mkМајката на Јован Вранишковски, Галина Врнишковска ја демистифицира вистината за создавањето на Православната Охридска Архиепископија, пара-црквата

Пронајдете не на следниве мрежи: