МВР ги идентификувало лицата кои во саботата ја предизвикаа тепачката во дискотеката „Мистик“ во Штип, веднаш по митингот на опозициската СДСМ, пишува Курир.
Околу 3 часот, 22 годишно момче од Штип, во полицијата пријавило дека е нападното и претепано од страна на 26-годишниот М.Н, син на сопственикот на „Брилијант“, а со него биле уште неколку лица.
Напаѓачите на момчето, покрај ударите со тупаници и клоци, во еден момент почнале да фрлаат со чаши и шишиња предизвикувајќи страв и несигурност кај присутните во дискотеката.
Заедно со напаѓачите, според неофицијалните информации, биле уште две лица со прекар Пушка и Мартадела.
Полицијата сите вклучени во инцидентот ги повикала на разговор во полициска станица, по што веќе е утврдено како дошло до насилството.
Неофицијално, од МВР потврдуваат дека таа вечер во штипската дискотека бил и синот на Бранко Црвенковски, но не се знае која е неговата улога во овој инцидент.
Новинар од весникот „Буре весник“, на својот профил на Фејсбук ден по настанот објави статус во кој потврдува дека СВР Штип не сакаат официјално да ги потврдат имињата на учесниците во тепачката, иако според Буре весник СВР Штип сепак морал да издаде соопштение за учество на Љ.Ц и М.Н во тепачка под дејство на алкохол и енергенси во дискотеката „Мистик“ во Штип, по митингот на опозицијата. (Веста за ова можете да ја најдете на следниот линк).
Од МВР засега официјални информации и детали за случајот нема. Она што е познато е дека по целосното расчистување и документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Имено, за време на викендот се случиле уште два инциденти во Штип, во кои според пишувањето на медиумите како учесник во едниот и очевидец во другиот повторно се јавува името на Љупчо Црвенковски, пишува Курир.
МВР ги идентификувало лицата кои во саботата ја предизвикаа тепачката во дискотеката „Мистик“ во Штип, вед