Куче осудено на смрт затоа што е „геј“

Куче од Тенеси чиј сопственик се одрекол од него затоа што е „геј“, требаше да биде успиено, но, благодарение на Фејсбук-акција набрзо добил нов сопственик.
Кучето требало да биде погубено во Тенеси, откако неговиот сопственик се одрекол од него затоа што е „геј“. Тоа се наоѓало во преполно засолниште за животни, а на 1-ви февруари требало да биде успиено, доколку не се појави некој кој би сакал да го посвои.
Судбината на ова куче алармираше многу љубители на животни, кои на Фејсбук поставиле страна со апел за посвојување невини животни.
Набрзо засолништето добило 10.000 повици од хумани луѓе кои сакале да го посвојат кучето и за неколку минути добило нов сопственик.
Судејќи според збровите на директорот на засолништето, поранешниот сопственикот на кучето приметил како тоа се навалило над друго куче, што го навело на заклучок дека е „геј“.
Иако е познато дека кучињата со тек на време умеат да изразат хомосексуално однесување, експертите  велат дека навалувањето на едно куче врз друго куче, не е идникатор за сексуална ориентација, туку знак за доминација.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Куче од Тенеси чиј сопственик се одрекол од него затоа што е „геј“, требаш

Пронајдете не на следниве мрежи: