Иако се очекуваше да трае од половина до еден час, сепак во тензична атмосфера на раб на инцидент заврши седницата на Централниот одбор на СДСМ која траеше цели пет часа. Социјалдемократите со поделени ставови побараа друг формат на Влада што би требало да ги организира изборите.
На седницата имало поделени ставови околу тоа дали СДСМ треба воопшто да поставува услови или да остане доследна на своите најави и да оди на бојкот. Исто така, постоела и различна дискусија околу тоа колку реални би биле тие барања, а покрај тоа на седницата не изостанале и жестоки дискусии кои биле проследени со повишен тон, со аплаузи на двете страни, но паралелно на површина испливале два различни ставови.
За разлика од овој став, зад кој застанале дел од социјалдемократите кои се заложиле за спас на кариерата на лидерот Црвенковски, наместо соочување со граѓаните во март, на седницата постоело и друго размислување кое го застапувале дел од градоначалниците на СДСМ кои се на власт како Зоран Заев, Стевчо Јакимовски и Зоран Дамјановски- Циц, кои што се надеваат на победа и кои реално имаат што да изгубат, како и нивните приврзаници во централниот одбор.
Сепак, на крај во тензична атмосфера социјалдемократите успеале да ја протуркаат идејата за невозможни услови, кои доколку бидат одбиени од страна на власта би му помогнале на Црвенковски да создаде алиби да не се оди на избори и да се продолжи со создавање на хаос. Со тоа Црвенковски ќе го добие посакуваното, да се зборува за се' друго, освен за негово збогување со политиката во Македонија.
Познавачите сметаат дека на овој начин Црвенковски „убива две муви со еден удар“. Прво, ја дефокусира темата да и донесе победа на партијата, бидејќи во спротивно ќе мора да си оди, и второ, се обидува сите кандидати да ги повлече во живата кал во која тој тоне веќе од поодамна.
Вчерашната вонредна седница на СДСМ иако се очекуваше да трае од половина до еден час, истата се одолговлечи поради тензичната дискусија на двата табора со поделени ставови. Според нашите извори, Црвенковски сметал дека само ќе ја соопшти одлуката со испорачување на неприфатливи и нереални услови и таа веднаш ќе се усвои, но овој пат не било така и седницата траела цели 5 часа.
Од опозициските портали дознаваме дека како дел од нереалните услови под кои СДСМ е подготвена да излезе на избори е за први луѓе на министертвата за внатрешни работи, финансии и министерството за правда да се постават луѓе прифатливи за опозицијата и за власта, како и новите избори да ги организира „влада на доверба“. На маса се нашол и условот што го имаа социјалдемократите пред минатите предвремени парламентарни избори, а тоа е рамномерна распределба на парите за реклами. Црвенковски побарал и доследна примена на препораките од ОБСЕ/ОДИХР во изборната регулатива, целосно прочистување на избирачкиот список, како и засилен меѓународен мониторинг.
Пронајдете не на следниве мрежи: