Избегнувајте ги овие намирници пред спиење!

Понекогаш не сме свесни дека со исхраната го нарушуваме квалитетот на сонот. Секако дека не треба да си легнувате гладни, но постојат намирници кои најдобро е да ги избегнувате доколку сакате убаво да спиете.Еве неколку од нив.
Сладолед
Сладоледот може да биде најутешната храна по напорниот ден, но во одредени граници. Тој е полн со масти, па вашето тело нема да има доволно време да ги согори. Исто така, шеќерот од сладоледот ќе му прати сигнал на вашето тело дека не е време за спиење. Научниците откриле дека храната која е полна со шеќер доколку се конзумира пред спиење може да предизвика кошмари.
Целер
Сигурно ќе се изненадите зошто целерот би се нашол на оваа листа, но тоа е само затоа што целерот е природен диуретик. Диуретиците го поттикнуваат ослободувањето на течности од организмот, па доколку не сакате постојано да станувате за во тоалет, избегнувајте го неговото конзумирање пред спиење.
Тестенини
Тестенините се едноставни за подготовка, заради што се одлични за задоволување на потребата за храна во доцните часови. Сепак, тестенините се полни со јаглехидрати, кои ако ги конзумирате пред спиење ќе се претворат во масни наслаги. Па и најразличните додатоци како што се сирењето или сосот додаваат непосакувани масти. Тие исто така имаат висок глукемиски состав, кој би го покачил нивото на шеќер во крвта што, поради што често ќе се будите.
Пица
На вашиот желудник како и на остатокот од вашето тело, потребно му е опуштање пред спиење, а пицата нема да го направи тоа. Таа не е лесна храна па желудникот ќе мора да биде активен во текот на ноќта. Едно парче нема да ви предизвика проблеми.
Лук
Можеби го избегнувате лукот пред спиење со партнерот заради лошиот здив, па иако е здрав, лукот може да предизвика надуеност. Доколку имате осетлив желудник, избегнувајте ги сите лути намирници пред спиење.
Црно чоколадо
Кој може да одолее на коцка чоколадо пред спиење? Сепак, за квалитетен сон треба да го избегнувате црното чоколадо бидејќи содржи кофеин. Доколку не можете да одолеете подобро е да конзумирате бело чоколадо пред спиење.Еве неколку од нив.
Сладолед
Сладоледот може да биде најутешната храна по напорниот ден, но во одредени граници. Тој е полн со маст

Пронајдете не на следниве мрежи: