Бебињата кои спијат одвоено од родителите побрзо и полесно заспиваат

Бебињата кои спијат одвоенo од своите родители побрзо потонуваат во сон и потребно им е пократко време за тоа, за разлика од оние кои спијат со своите родители, покажува новото истражување.Исто така, тие помалку се будат во текот на ноќта и подолго спијат. Водичот на студијата, д-р Џоди Миндел од детската болница во Филаделфија вели дека бебињата се навикнуваат сами да се успиваат. Оваа студија е контрадикторна со онаа која ја спровела Американската асоцијација на педијатри во која се препорачува бебето во првите шест месеци да спие со родителите, бидејќи на тој начин се намалува ризикот од синдром на изненадна смрт на новороденчето. 
Во истражувањето учествувале 6.236 родители од САД, со новороденчиња на возраст помеѓу шест и 12 месеци и родители на 9.798 бебиња од Австралија, Бразил, Канада, Велика Британија и Нов Зеланд.
“Постојат голем број на причини поради кои бебињата спијат подобро во своите колевки, а главната причина е таа што се учат сами да заспиваат. Откако ќе пројдат шест месеци, родителите на бебето треба да одлучат што е најдобро за него и општо за целата фамилија, и да им овозможат квалитетен сон на сите на кои што им е потребен истиот”, вели Миндел.
Ова откритие е објавено во списанието Sleep Medicine.
 Исто така, тие помалку се будат во текот на ноќта и подолго спијат. Водичот на студијата, д-р Џоди Миндел од детската болница во Филаделфија вели д

Пронајдете не на следниве мрежи: