Дон немала среќа во љубовта. Баш кога сакала да крене раце од обидот да пронајде сродна душа, во нејзиниот живот влеглол Стивен. Неколку дена по започнувањето на врската, дознала страшна вест.Дон Бурџис (34) имала рак на дојка. Откако дознала, веднаш на новиот дечко Стивен Вилсон (34) му го соопштила тоа. Му рекла дека мора да ја остави, а само девет месеци подоцна тој ја запросил пишува „Дејли Мејл“.
-Му реков дека мора да раскинеме кога дознав за ракот, но тој ми рече дека имаме нешто посебно и дека треба да продолжиме да се гледаме. Ми рече дека дури и да раскинеме, барем ќе имам нов пријател. Тој е мојот ангел чувар – вели Дон.
Стивен бил со неа додека одела на хемотерапија, подоцна и по операцијата на која ѝ ги отстраниле двете дојки. Бил со неа дури и кога ѝ соопштиле дека може да добие рак на јајници поради што морала да оди на хистеректомија.
Оваа година се венчале, а таа дознала дека повеќе нема рак.
Дон има две ќерки. Разведена е и поради многуте разочарувања во љубовта мислела дека никогаш нема да најде маж кој ќе ја исполни. Но, се појавил Стивен во нејзиниот живот откако се сретнале преку сајт за запознавање.
-Кога се запознавме носев големина 12 и имав добри гради. Се здебелив откако Стивен ме запозна, ги изгубив косата и градите, но тој прави да се чувствувам поубава. Кога некој ќе ја слушне нашата приказна, обично одговорот е „каков маж!“ Но, Стивен верува дека го направи она што секој маж би требало да го стори. Во неговите очи јас сум суперхерој, а не тој, Секогаш ќе биде мојот ангел чувар – заклучила Дон.Дон Бурџис (34) имала рак на дојка. Откако дознала, веднаш на новиот дечко Стивен Вилсон (34) му го соопштила тоа. Му рекла дека мора да ја остави,